Обвинението и оставката на Луис Либи кој, според експертите, имаше клучна улога во обликувањето на американската безбедносна политика, вклучувајќи ја и инвазијата врз Ирак, се најтешките моменти на мандатот на Буш досега. Во обвинението не се спомнува Карл Роув, близок советник на Џорџ Буш, но тој останува под истрага за истиот случај. Истрага во две илјади и третата година ја започна специјалниот обвинител Патрик Фицџералд со цел да испита кој на медиумите и го откри името на агентката на ЦИА Валери Плејм, чиј сопруг, бившиот амбасадор Џозеф Вилсон јавно ги доведе под прашалник причините поради кои администрацијата на Буш се реши да изврши инвазија врз Ирак, односно дека таа земја поседува оружје за масовно уништување.
„Истрагата на специјалниот советник Фицџерлад и натамошните законски процедури се сериозни. Сега процесот е во нова фаза. Во нашиот правосуден систем лицето против кое се изречени обвинувања е невино се додека на суд не се докаже спротивното.“
рече во кустата изјава пред репортерите претседателот Џорџ Буш кој поради последните несогласувања околу неговиот кандидат за Врховниот суд и поради загриженоста на американците за војната во Ирак, е соочен со најнизок рејтинг досега. Најновата афера во која дел од неговата администрација кривично ќе одговора, според експертите, ќе придонесе за извесно отргнување на вниманието од нејзините политички приоритети.
„Мислам дека ова е голема пречка за админситарцијата. Нема двоумење, тоа ќе го отргне фокусот од претседателската агенда. Но, Буш ова ќе го искористи да донесе нови советници. “
Вели Марк Розел професор по јавна политика на Универзитетот Џорџ Мејсон. Инаку, Луис Либи е обвинет за лажно сведочење, измама и спречување на правдата. Неговото судење нема да биде јавно бидејќи процесите за сите федерални кривични дела се од затворен карактер, без унакрсни испитувања и без презентација на одбраната.