Достапни линкови

Заокружување на реформите во безбедносниот систем


Иницијативата за донесување за закон за полиција е еден од сегментите за заокружување на реформата во безбедносниот систем информирааат од Министерството за внатрешни работи. Со текстот на законот за полиција за првпат се воведува категоријата полициски службеник како овластено лице задолжено за преземање на полициските работи, се регулира правото на граѓанинот да поднесе претставка до полицијата во случај кога ќе оцени дека при вршење на полициски овластувања, полицискиот службеник ги повредил неговите права и слободи. Потребата од поголема транспарентност помеѓу граѓаните И полицијата ја истакнува И народниот оправобранител Иџет Мемети.

„Тоа прашање треба да се утврди со закон, со тоа ќе се оствари поголема транспарентност и граѓаните ќе знаат кои се надлежностите на полицијата со употреба на сила. Загрижува соработката во овој сегмент,“

Тон Мемети, вели во неделното интервју на Радио Слободна Европа народниот правобранител Иџет Мемети.

Од мисијата на ОБСЕ не сакаа да ја коментираат работата на македонската полиција. Од таму информираат дека своите коментари по предлог-текстот за донесување на овој закон ќе ги кажат по поминувањето на првата фаза во собранието.

„Нацрт законот за полиција е во прва фаза во собранието, значИ ова е прво читање на предлогот, по што ќе оди назад до Владата И комисијата за некои амандмани И измени. Нашите колеги од секторот за развој на полиција И владеење на правото ќе соработуваат сега во ова меѓуфаза со свои коментари И забелешки кои ѓе ги имаат по деталната анализа на предлог законот.“

изјави Сали Браутон, портпарол на ОБСЕ

Од мисијата на ПРОКСИМА во земјава велат дека се задоволни од соработката со македонската полиција , но ја истакнуваат потребата од реформи во овој сектор.

„Секако има уште многу работи што треба да се направат, зашто ова е процесс што е во тек и ние веруваме дека македонската полиција ќе се развива во согласност со европските стандарди, изјави Андреа Анџели,“

портпарол на ПРОКСИМА.

Во предложениот текст на законот за полиција предвидено е формирање на Централни полициски служби задолжени за вршење на работите од областа на организираниот криминал, криминалистичката техника и посебните единици на полицијата со надлежност на целата територија на РМ.
XS
SM
MD
LG