Со цел интензивирање на македонско-американската економска соработка претставници на двете македонски стопански комори деновиве со презентација на економските потенцијали на земјава пред американските инвеститори.
„Стоковната размена меѓу Македонија и Соединетите држави не е на некое завидно ниво, а исто така е пониска во споредба со мината година и се надеваме дека со овие делегации кои присуствуваат таму, апсолутно ќе има подобрување на бизнис климата, односно ќе има потенцијални инвеститори во Македонија што ќе резултира и со поголем профит од двете страни.“
изјави Јордан Шикоски, извршен директор на Американската стопанска комора во земјава.
Освен претставници од бизнис секторот деновиве во Соединетите држави престојува државна делегација која ке разговара на различни теми како состојбата на Балканот, Косово, аспирациите на Македонија за членство во НАТО, Европската унија. Од Соединетите држави, Македонија има поддршка и за нејзиното приближување кон евроатлантските структури. Под американско покровителство беше потпишана Јадранската повелба меѓу Македонија, Хрватска и Албанија, а со цел интензивирање на регионалната соработка и приближувањето на земјите од регионот до НАТО. Односите Македонија - Америка ги одбележува признавањето на уставното име на нашата земја што се случи на 4 ноември мината година. Потоа се интензивираа активностите во врска со преговорите за името, а неодамна беше презентиран предлог од посредникот Метју Нимиц, кој како што оцени и државниот врв и стручната јавност е генерално прифатлив. Грција се закани со вето за членство на Македонија во евроатлантските структури, а аналитичарите забележуваат дека Грција го менува ставот и заканата со вето. До појавата на предлогот на Нимиц Грција, објаснуваат тие, се закануваше со вето, но ако Македонија не успее да го реши проблемот со името, значи се закануваше дури и за прием под ПЈРМ. Кога се појави предлогот на Нимиц тогаш го сменија ставот и се закануваат ако приемот биде под било кое име поинакво од референцата.