Паниката мегу лугето по откривањето на можноста за птичји грип кај една од мртвите птици во Могила се зголеми. Народот на своја рака презема превентивни мерки, не јадат пилешко месо и купува лекарства. Ваквата состојба предизвика и економски последици. Од една страна се незадоволните одгледувачи на живина чиј што приход драстично се намали, а од другата пак фармацевтиските компании кои од стравот на лугето го зголемија профитот. Нај загрижени за своето здравје се повозрасните лица и оние кои имаат мали деца дома, објсанува Снежана Лазаровска од градската аптека ,,8 септември,,:
„Факт е дека е зголемена побарувачката, но многу се совпадна со ниските температури, па незнаеме што е причината за оваа зголемена побарувачка.“
вели Лазровска и додава дека најбарани се продуктите за зголемување на имунитетот.
Но, епидемиолозитѕе се спротиставуваат на паниката која што владее. Велат нема можност за евентуално заболување на луѓето од птичјиот грип во овој момент. Доктор Јованка Костовска епидемиолог од Министерството за здравство ова тврдење го поткрепува и со фактот дека вирусот е тешко пренослив на луѓе.
„Таа паника воопшто не е оправда, затоа што овој птичји грип го има уште од 1997-та година и лоциран е само во неколку азиски земји и само на неколку случаи кои заболеле. Доколку има проблем, тука е државата, туке е министерството за земјоделство, за здравство... кое веднаш ќе каже насоки, што треба да се прави. А ова нејадење на пилешко, нејадење на јајца, земање превентивни лекови, навистина нема потреба и бесмислено е. Доста е само психичкиот стрес, што се исплашени луѓето, а камоли останатите проблеми. Значи воопшто нема потреба од таков страв, кој јас мислам дека е пред се наметнат и не е оправдан.“
Објаснува Костовска.
Со ваков став и Зузана Јакаб од агенцијата на Европската унија за контрола на ширење на болести. Според неа ризикот за повекето Европејци да се заболат од птичји грип е еднаков на нула. Спротивно од препораките на Јакаб швајцарската фармацевтска команија Рош не може да постигне со производтво на лекот Тамифлу кој што е баран во сите европски земји па најави продавање на лиценци на друго компании. Доктор Костовска објаснува дека причината за паниката во светски рамки е прогнозата на Светската здравствена организација за можна пандемија.
„Светската здравствена организација, плашејќи се да не се случи такво нешто, едноставно ги предупреди земјите да направат план за пандемија на грип општо, и со посебен акцент на птичји грип, за да се знае како треба да се реагира, кои активности ќе се преземат итн. Она што СЗО го препорача како активност, меѓу народот создаде паника, дека нешто е на портите и дека веднаш ќе се случи.“
Вели Костовска.