Добри вести за слободата на печатот од земјите кои во последниве години станаа или пак, како што се вели во извештајот на Репортери без граници, ја зачуваа независноста. Со тоа, според оваа организација со седиште во Париз, пропаѓа аргументот дека се потребни децении и децении за етаблирање на демократијата. Девет земји кои станаа независни во изминативе петнаесет години се меѓу првите шеесет: Меѓу нив Словенија е на деветото, по неа доаѓаат трите Балтички држави, Намибија е на дваесет и петтото, Босна и Херцеговина на триесет и третото, Македонија на четириесет и третото, Хрватска на пеесет и шестото и Источен Тимор две места подолу. Во претходниот извештај Македонија беше на четириесет и деветото место и досега, односно од две илјади и втората кога Репортери без граници почнаа да го прават индексот на слободата на печатот, го поправа рејтингот за неколку места. Сите десет најдобро рангирани земји се од Европа како на пример: Данска, Финска, Исланд, Норвешка, Ирска. Репортери без граници ги рангираа Соединетите Држави на четириесет и четвртото место што е за дваесет позиции подолу од лани. Во образложението се вели дека ваквиот пад, меѓу другото, се должи и поради затворањето на репортерот на Њујорк тајмс Џудит Милер во скандалот околу заштитата на приватноста на новинарските извори, во конкретниот случај, на еден оперативец на ЦИА. За неколку места паднаа и Канада и Франција поради поголемото мешање на властите во новинарските работи. Во извештајот се наведува дека најтешки услови за работа новинарите имаат во земјите на Блискиот и Средниот Исток. Станува збор за Иран, Ирак, Саудиска Арабија, Сирија. За Ирак се додава дека таму од почетокот на годинава досега биле убиени дваесет и четворица новинари или нивни асистенти со што ирачкиот конфликт, како што се оценува, стана најсмртоносниот за медиумите од Втората Светска Војна. Интересено е да се спомене дека во извештајот како посебен субјект е спомната и американската армија во Ирак која поради убивање на четворица и апсење на уште неколкумина други новинари го зазеде сто и триесет и седмото место. Последното и оваа година Репотери без граници и го дадоа на Северна Кореа. Пред неа се: Туркменистан, Либија, Куба, Кина.
Во најновиот извештај за слободата на печатот во светот годинава што синоќа го објави организацијата Репортери без граници, Македонија е рангирана на четириесет и третото место, едно погоре од Соединетите Американски Држави. Во извештајот се опфатени сто и шеесет и седум земји. На последно место и годинава се најде Северна Кореа.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете