Достапни линкови

Подигната готовноста во Македонија


Случаите на појава на птичји грип кај живината се
доближуваат до Македонија. Вчера и во соседна Грција е регистриран првиот случај на заболени кокошки во приватна фарма, а во Романија и Турција веке неколку недели состојбата е алармантна.

Директорот на веретринарната управа Слободан Чокревскји вели дека поради новите случаи на птичји грип на Балканот тие ја подигнаа својата готовност

„Нормално се приближува, како што има повеќе случаи, шансите за појава во Македонија се зголемуваат. Додека немаме потврда, додека не установиме преземаме мерки што треба да се преземат,“

Заболените примероци пак кои што беа откриени во Романија и Грција веднаш беа изпитани и од европски експерти. Чокревски објаснува дека И Македонија има постојана соработка со стручните лица од Европската Унија, но дека во контакт со нив ке се стапи откако нашите ветеринари ке откријат постоење на вирусот

„Примероците од Македонија ќе се испратат само ако има сомнеж за појава на болеста,“

вели Чокревски и додава дека заради заштита тие се во постојан контакт со одгледувачите на живина

„Здружението на живина е можеби најорганизираното здружение на фармери и имаме добра соработка. Најкритични се фармерите што не ги вакцинираат и не се грижат за кокошките.“

Денеска во текот на денот ке се знаат резултатите од анализите на умрените кокошки во Битолско. Според првичните резулати на управата се работи за атипична чума мегу народот позната како пипка од која се разболува живината која не е вакцонирана.

Вирусот на птичјиот грип пак е опасен за животот на лугето кога ке мутира во формата икс5ха1 Во Романија И Турција европските експерти веке потврдија постоење на тој вид а во Грција засега е потврден само вирусот ха 5. Понатамошните анализи чии што резултати ке бидат познати идната недела ке покажат дали се работи и за видот Икс5Ха1.Европската комисија вчера забрани увиз на птици и живини продукти и од Грција. Забрани за увоз веке постојат од Турција И Романија.
XS
SM
MD
LG