Ирецот Фуере кој веќе дваесет години работи во европската администрација има завршено правен факултет и досега раководеше со делегацијата на Европската Комисија во Словенија. Неговото наименување е значајно, бидејќи за прв пат Европската Унија се согласи да ги обедини улогите на претставникот на Комисијата и на претставникот на Советот во една единствена позиција. Ова обединување беше замислено според уставот на Европската Унија, кој, како што стојат работите, нема да биде усвоен, а со тоа нема да биде во сила уште неколку години. Затоа, како што наведува ирскиот весник Ајриш Тајмс, можат и да се сфатат контроверзите меѓу некои членки на Европската Унија за ваквото обединување на двете функции во една. Извори во Европската Унија деновиве за Ајриш Тајмс изјавија дека наименувањето на Фуере за единствен европски претставник во Македонија досега било одлагано поради изразената загриженост на Велика Британија која моментално претседава во Унијата. Господин Фуере ќе ја преземе новата функција во почетокот на идниот месец кога, според најавеното од Брисел, како што пишува весникот, Европската комисија ќе треба да ги испрати нејзините препораки за Македонската апликација за зачленување на земјата во Европската Унија. Ирван Фуере доаѓа на местото на на специјалниот претставник на Европската Унија Мајкл Салин и на шефот на мисијата на Европската Комисија Донато Кјарини. Инаку, Фуере, како што се додава во написот објавен во весникот Ајриш Тајмс, ќе го надгледува завршувањето на полициската мисија на Европската Унија во Македонија која пак ја контролира работата на македонските полициски сили.
Европската Унија го наименува Ирван Фуере за нов специјален претставник и за шеф на делегацијата на Европската Комисија во Македонија. Ова наименување беше поздравено од еврокомесарот за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана и од еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете