Достапни линкови

Не треба да се крева паника


Организмот на птиците е нежен и често пати се случува тие да се разболат од разни болести кои можат да предизвикаат дури и масовно умирање тврдат ветеринарите и орнитолозите коментирајки ја паника која што владее поради смртта на живината во Битолско. Според нив место за тревога не постои. Ветеринарот Петар Блажевски објаснува дека птиците најчесто ги напагаат бактерски салмонели, вируси и паразити.

,,Доколку влезе некоја бактериска или вирусна болест, одлично се случува масовно угинување и болеста брзо се шири зашто многу птици се на едно место.”

И Вили Кичуков директорот на живинарската фарма Напредок од Гевгелија потврдува дека птиците може често да се разболат, но тоа многу зависи од начинот и условите во кои се одгледуваат:

,,Во големите фарми скоро никогаш не заболуваат. Затоа што програмата за вакцина ги покрива сите можни болести на живината.”

Освен кај домашните разни болести често се јавуваат и кај дивите птици. Орнитологот Љупчо Кузмановски вели дека организмите на птиците и на рибите се мегу најслабите во природата:

,,Тие се најубав индикатор дали животната средина е добра за нас и за нив. Се што се случува не заслужува да се поврзува со птичјиот грип.”

Официјалните резултаи за поморот на птиците во битолските села Гермијан и Могила се очекуваат утре. Но и досегашните истражувања покажуваат дека најверојатно се работи за болеста атипична чума мегу народот позната како пипка.

,,Од клиничките знаци, од епидемиолошката анализа, вакцинацијата не е спроведена таму и таму е појавена болеста со сите знаци за атипична чума.”

вели директорот на управата Слободан Чокревски и апелира медиумите да бидат повнимателни во известувањето.

,,Како се јавува страв кај луѓето, така се јавува сомневање. Медиумите во соседните земји веќе пишуваат дека има птичји грип, но се додека ние не објавиме не треба да се крева паника.”

додава Чокревски.
XS
SM
MD
LG