Достапни линкови

Политичарите работат за свои интереси


Граѓаните по некоклкуте изборни циклуси во земјава од независноста на Македонија, се повеќе го изедначува политичарот со човек кој лаже, велат експертите коментирајќи ги последните анкети според кој луѓето се повеке не им веруваат на нивните избраници. Според анкетата на ИРИ на премиерот Владо Бучковски веруваат само 1.5 посто од граѓаните.

„Политичарот како претсставник на власта, се третира како човек како лаже. Едноставно, лагите и ветувањата кулминираат. Луѓето се разочарани. Политичарите се одговорни за да стигнат до власта, а после не може да реализираат ни мал дел од тоа што го ветуваат,“

вели социјологот Илија Ацески. За политикологот Хисен Рамадани економската состојба невработеноста и немањето преспектива за младите генерации се клучните причини за падот на рејтингот на политичарите во земјава:

„Тоа најмногу се одразува во невработеноста, која еве може скоро со очи да се види дека младата генерација не гледа перспектива за себе, а тоа значи дека се загрижени и нивните родители. Главно е ако се коментира зошто така се расположени луѓето, тие не веруваат дека политичарите се ангажираат за доброто на општеството, а се пошироко е уверувањето дека тие се заинтересирани за сопствени интереси.“

Тој посочува оти народните избраници треба да бидат загрижении поради ваквите податоци и оти време е да се свестат и да работат за доброто на граѓаните:

„Јас мислам дека како што се доближуваме до идните избори, се повеќе таа грижа да расте кај нив.“
XS
SM
MD
LG