Достапни линкови

Никој не сака да каже колку чинеа изборите


Во скопската општина Шуто Оризари се одржаа пет изборни круга за градоначалник, а изборите завршија пред околу еден месец. Општината е една од најсиромашните во главниот град. Во државната изборна комисија и во собранските служби надлежни за за буџетот на изборите велат дека не смеат да да дадат информациј колку чинеле и го посочија господинот Сафет Алиу од Врховниот суд но со него не можевме да стапиме во контакт. Сепак Шуто Оризари останува со своите проблеми и од невладините организаци посочуваат дека некои од нив ги оневзомжуваат дури и основните човекови потреби.

„Нема доволно канализација, нема вода, нема доволно електрична енергија,“

вели Жаклина Дурмиш од невладината ораганизација Дендовас и додава дека во општината нема можност ниту за социјален и културен живот:

„Нема Дон мна култура, нема култура, ништо не се случува.“

Но, за неа најгорлив проблем е образованието и вели дека е неопходна изградба на ново училиште бидејки во веке постоечки нема место.

„Двете училишта треба да се реновираат, особено е тешка состојбата во училиштето Браќа Рамиз кој има 2,000 ученици, а изградено е за 1,500.“

Но, сепак општината во моментов нема доволно пари за нови зафати туку средства стигнуваат само за подмирување на тековните работи.

„Ние како и другите општини се соочуваме со подмирување на проблемите околу елементарните потребни, да речеме огревот. Дотациите од Министерството не се доволни, а процесот на децентрализација е процес кој ќе потрае.“

Шуто Оризари има околу 19 000 жители и најголем дел од нив околу 80 проценти се роми.Во последно време таа стана позната по лошиите улици, нечистотијата и ефтиниот пазар за гардероба на кој доагаат купувачи од целата држава.
XS
SM
MD
LG