Достапни линкови

Симултан напад на милитанти врз државните институции


Во главниот град на руската република Кабардино-Балкарија, Налчик, денеска дошло до жестоки престрелки меѓу полицијата и вооружени милитанти. Како што јавува дописникот на Радио Слободна Европа, Валери Хатзуков, милитантите извршиле симултани напади врз државните институции, полициските станици, аеродромот и неколку продавници за оружје, при што имало и повеќе загинати.

„Се започна околу 9 часот изутрината. Сите регионални полициски станици беа нападнати во исто време, како и Министерството за внатрешни работи, Федералната служба за безбедност, аеродромот.“

Според сеуште непотврдени информации, во борбите биле убиени 10-мина милитанти, како и 20-тина полицајци, а се страхува дека има и цивилни жртви.

„Стојам ма Авенијата Ленин, каде што има автомобил со убиен милитант, кој има црна униформа. Има и еден убиен кој лежи на земја, а од другата страна на улицата има уште еден загинат. Во моментов се слушаат само повремени истрели. Сите улици се блокирани.“

Во Јужната руска република Кабардино-Балкарија, исламистичките екстремисти во последно време извршија неколку напади врз руските безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG