Достапни линкови

Дали исламскиот свет и Западот се во судир?


Дали исламскиот свет и Западот се во судир? Дали падот на Садам Хусеин во Ирак ги зголеми шансите за демократија на Блискиот Исток? Се добива или губи војната против теророт? На овие прашања дискутираа еминентни личности и политичари на Форумот 2000 одржан во Прага. Формуот е основан во 1997 од поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел.

Како да се оценат односите меѓу Заёпадот и исламскиот свет.. Како што јавува Џефри Донован, зависи од тоа кого ќе прашате. На Форумот 2000 одржан во Прага зборуваа многумина. Според Џејмс Вулси поранешен директор на ЦИА се води, како што вели ,, долгата војна на 21 век,,. Вулси за Радио Слободна Европа изјави дека смета оти Западот е во битка со три форми на тоталитаризам – остатоците на Баасизмот во Ирак и Сирија, Шиитскиот режим во Иран и сунитските џихадисти на Ал Каеда. На крајот вели Вулси раширената Вахаби идеологија од Саудиска Арабија е главна закана за Западот.

„Јас би рекол дека вахабистите и исламските џихадисти, салафистите како Ал Каеда не се вистинскин претсавници на Исламот. Ние не треба да го сфаќаме нивниот збор како ништо повеќе од зборот на Томас де Торкуемада и шпанската инквизиција во доцниот 15 век. И тие не беа вистински преставници на христијанството. Тие беа тоталитарни копилиња. А вахабистите и Ал Каеда се нивни еквиваленти.“

Поранешниот заменик премиер на Малезија Анвар Ибрахим верува дека Запад и Соединетите Држави посебно можат многу повеќе да сторат за подобрување на односите со Исламскиот свет и да бидат позитивната сила која ќе ги змени работите.

„Јас не велам дека реториката на слободата и демократијата на администрацијата во Вашингтон не се генерално добро прифатени. Но луѓето се сомнителни. Тие ја гледаат војната во Ирак. Тие го гледаат неуспехот со Палестинците. Затоа јас сметам дека е потребно ефективно американско ангажирање со муслиманскиот свет.“
Според поранешниот либански минситер за култура Гисин Саламе, не може да се рече дека станува збор за судир на цивилизации.

„Цивилизациите не се политички актери на меѓународната арена. цивилизациите се само резервоар со вредности, со идеји со ссоништа, со нашите јазици, од каде што позајмуваме и опд време на време често забораваме. Така, цивилизациите не се актери. Индивидуалците се актери, групите се актери, државите се актери.“

Во таа светлина Саламе ја гледа и ситуацијата во Ирак. Не како судир со Западот, туку како комбинација на американски грешки и акции на ирачките соседи. Некои влади во регионот, имено, по инвазијата врз Ирак, стравуваат дека би можеле да се следни цели. Вашингтон ги посочи Иран и Сирија како спонзори на тероризмот.
XS
SM
MD
LG