Достапни линкови

Немам коментар, прашањето е во надлежност на ОН


Портпаролот на американскиот Стејт Департмент Адам Ирели на редовната прес конференција во Вашингтон запрашан во врска со тоа дали има коментар на последниот предлог на Метју Нимиц околу спорот со името меѓу Скопје и Атина одговори:

„Не, навистина немам никаков коментар. Ова прашање е во надлежност на специјалниот претставник на Обединетите Нации. Тој во името на генералниот секретар се обидува да дојде до име за кое ќе се согласат и Македонците и Грците.“

Изјави Ирели додавајќи дека не бил запознат дали за тоа прашање Вашингтон разговарал со Нимиц наведувајќи дека улогата на Соединетите Држави во овој процес е чисто поддржувачка и оти не се директно вклучени во него. Запрашан за тоа дали Вашингтон го поддржува членството на Македонија во Европската Унија и во НАТО по заканите на грчката влада дека ќе стави вето на таквите одлуки Ирели на став:

„Се наоѓаме во момент кога господин Нимиц работи со двете страни да се реши спорот со името. За тие напоритој ја има нашата поддршка. Што ќе се случува во иднина и како ќе се одвиваат настаните во однос на другите прашања мислам дека е доста шпекулативно.“
XS
SM
MD
LG