Достапни линкови

Ќе видиме кога ќе треба да се донесе одлука за тоа


По најавата на Грција дека ке стави вето на приемот на земјава во која било мегународна организација, ако се обиде да биде примена под име поинакво од референцата поранешна југословенска република Македонија, од делегацијата на Европската комисија во земјава велат – прашањето за името е билатерално меѓу Македонија и Грција.

„Ние ке видиме кога одлуката ке треба да се донесе. Добра вест е што страните разговараат и тоа активно, тие треба да најдат решение И тоа што побрзо тоа подобро.“

изјави Донато Кијарини, шеф на делегацијата на Европската комисија во земјава. И од НАТО велат дека прашањето за името е билатерално. Оттаму посочуваат дека треба да се има во предвид дека Грција е членка на Алијансата, а ја признава Македонија под референцата ПЈРМ. Оние земји што ја признаваат со уставното име како на пример Турција, тоа се наведува во докуметите и тоа во фуснота, укажуваат од Брисел и додаваат дека НАТО има во предвид и под кое име е земјата примена во Обединетите нации. За да се прими некоја држава во алијансата мора да се согласат сите земји членки. Тоа е моменталната ситуација и нема нов развој, објаснуваат од Брисел. Најавувајќи дека ќе го блокитра членство на Македонија грчката влада се повикува на времената спогодба од 1995 година и вели Владата го задржува правото, во согласност со овој договор да го блокира членството на ПЈРМ во која било меѓународна организација, доколку се обиде да биде примена под назив поинаков од референцата. Димитар Мирчев, професор на факултетот за општествени науки бели Спогодбата предвидува Грција да ја поддржи Македонија во евроатлантските интеграции:

„Не е така драматично како што изгледа, тоа е форма на притисок. Мислам дека нема да дојде воопшто до такви последици. Инаку спогодбата од 95 година предвидува поддршка на Грција во сите меѓународни организации за прием. До сега тоа не се случуваше. Многу често имаше и опструкции, и мислам дека и да има обид нема да биде успешен.“
XS
SM
MD
LG