Достапни линкови

Нема простор за натамошни отстапки


Државниот врв ги продолжува консултациите во врска со најновиот предлог на посредникот Метју Нимиц за надминување на спорот со името со Грција. По вонредната владина седница, на која присуствуваше и претседателот Бранко Црвенковски, денеска тој се сретна и со поранешните министри за надворешни работи и со Вања Тошевски, поранешен преговарач во спорот за разликите за името меѓу Македонија и Грција. На состанокот присуствува и шефот на дипломатијата Илинка Митрева. Попладнево претседателот Црвенковски се среќава и со лидерите на поголемите политички партии застапени во парламентот. Инаку, Метју Нимиц им го врачи новиот предлог на претставниците на Република Македонија и Република Грција во петокот. Официјална Атина експресно го одби најновиот предлог, бидејќи како што велат бил неприфатлив за Грција. Експертите во земјава посочуваат дека со последните активности кои ги презема државниот врв Македонија покажува дека е конструктивна и сака да се реши долгогодишниот спор со јужниот сосед:

„Нам ни одговара секогаш договорот, дијалогот да е конструктивен и ова е дел од едно конструктвно однесување на владата, во рамки на она што значи добрососедски односи,“

изјави аналитичарот Назми Малиќи, кој посочува дека место за натамошни отстапки од македонска страна нема:

„Во тој дел сигурно Грците не се во право, затоа што Уставното име го одедиле сами граѓаните на Македонија.“
XS
SM
MD
LG