Достапни линкови

Кредитните картички добри само за луѓето со редовни месечни примања


Кредитните картички со кои се олеснува начинот на плаќање се добри само за луѓето кои земаат редовна месечна плата, велат граѓаните кои ги прашавме што мислат за безготовинското плаќање.

„Што ќе донесе картичката кога на шест месеци дали ќе дадат плата или не.“
„Само може да се заглави, нема олеснување.“
„На некого помага.“


Во последните неколку месеци скоро сите банки понудија платежни картички со кои сумата што сте ја направиле може да се плати на 3,6 или повеќе рати. Граѓаните кои користат вакви картички велат дека се задоволни од понудените услови:

„Ние немаме готови пари, живееме од плати. Немам одеднаш да дадам 20 или 30 илјади. Тоа да го подели на рати е олеснување.“

Додавајќи дека предуслов за имање на ваков тип на картичка е сигурна и редовна месечна плата.

„Треба да има сигурни и месечни примања. Инаку, тоа мора да се плати, ако не, каматата е страшна.“

Повеќето граѓани велат дека никогаш не користеле платежни картички оти немале услови за добивање на истата. Тие истакнувааат дека се плашат од високите каматни стапки и сметаат дека безготовинското плаќање не е најповолно за македонскиот џеб.

„Не користам, не сум работел.“
„Невработен сум и немам услови, треба да имаш добра плата.“


Повеќето продавници работат со платежни картички и од таму велат дека е голем бројот на потрошувачи кои ги користат.

„Работиме со картички, но сеуште повеќе се плаќа во готово.“

Но во градот се уште има продавници во кои не се примаат платежните картички. Дел од нашите соговорници велат дека и покрај тоа што имаат можности за користење на платежни картички, досега тоа не го сториле, оти процедурата за нивно добивање била долга и непотребна.
XS
SM
MD
LG