Достапни линкови

Започна работата на Центарот за управување со кризи


Почна со работа долгонајавуваниот Центарот за управување со кризи, се работи за владино тело чија цел е прервентиовно делување при елемнтарни непогоди кои директно го загрозуваат уставниот поредок на земјата. Центарот ќе ги врши работите во врска со управување со кризи кои се однесуваат на континуитетот во меѓуресорската и меѓународна соработка, консултации и координација во управувањето со кризи, изработка на единствена проценка на ризиците и опасностите по безбедноста на земјата, како и предлагање мерки и активности за разрешување на кризна состојба.

,,Системот на управување со кризи се организира за превенција на кризи настанати од природни непогоди, епидемии или други ризици кои го загрозуваат Уставот на Република Македонија, или дел од неа, а за кои не постојат услови за прогласување на воедна или вонредна состојба,”

вели портпаролот на центарот за управување со кризи Илија Бојаровски Во управувачкиот комитет на ова тело влегуваат неколку ресони министерства како и групата за проценка на ситуацијата

,,Во управувачкиот комитет влегуваат министрите за внатрешни, транспорт, здравство, одбрана, надворешни и раководителто на групата за проценка, значи тоа се шест луѓе,”

Една од причините поради кои беше донесен законот за менаџирање со кризи што резултираше со Формирање на Центарот е во иднина сите кризни ситуации да бидат дефинирани. На пример во 2001 првата долго фреме се водеше расправа за тоа дали во македонија требаше да се прогласи воена состојаба или не, и поради непрогласување на таква состојба во Македонија сеуште не се знае што точно ни се случуваше 2001.
XS
SM
MD
LG