Достапни линкови

Над 60 насто од вработените стравуваат за работните места


Во последниве 9 месеци заштита на своите права во правната служба на сојузот на синдикати побарале 2550 работници од кои најмногу градежници, 599. Најчесто тие се обратиле по основ на кршење на правата за пензиско и инвалидско осигурување - вели Драги Јовановски управител на службата од која бараат помош работниците кога некое нивно право е повредено

,,Веднаш кога ќе се добие и ќе се стапи во контакт со синдикатот во самото претпријатие, се поднесува приговор, односно барање до органот на управување за отклонвање на прекршеното право. Ако тоа не се случи, поведуваме постапка пред судот,”

објаснува Јовановски.

Од јули пак оваа година во Македонија се донесе нов закон за работни односи. Професорот по трудово право Гзиме Старова вели дека законот е во согласност со актите на Европската унија и дека со него се прекинува практиката на постојани измени и дополнувања на стариот закон од 1993 година. Таа потенцира дека особено во делот за заштита на работничките права се почитувани и внесени сите европски стандарди:

,,Најголемиот квалитет на законот во поглед на правата на работниците е вметнувањето на одредбите за недискриминација на вработените,”

објаснува Старова и додава дека сепак законот има и недоследности и недоречености кои во практиката би можеле да предизвикаат не ефикасно спроведување.

,,За забрана на дискриминацијата предвидени се одредби за исклучување од таа дискриминација каде што се даваат одредби за вакво и онакво толкување.”

Граѓаните пак велат се чувствуваат сигурни за своите работни места но во Македонија според нив работнички права нема

,,Нема права”
,,Кога нема синдикат, тогаш држават и работодавците може да манипулираат.”


Со новиот закон пак е дефинирана 15 годишната возраст како гранична за вработување , ограничеени е и работното време на 40 часа неделно породилниото отсуство пак не смее да биде помалку од 14 недели а ограничена е и должината на годишните одмори.
XS
SM
MD
LG