Достапни линкови

Дисперзија или акумулација на моќта?


Една од клучните реформи што треба да се спроведат во земјава е онаа во областа на судството, зашто во тек е процес за промена на Уставот. Во јавната расправа можат да се слушнат различни мислења за владините амандмани и за уставните промени. Луѓето од судската фела пред се не се согласуваат со предлогот за пробен мандат на судиите во траење од три години, но тие додаваат, овој предлог веројатно ќе го отфрли владата, зашто забелешки имаше и од странските експерти, значи прбениот мандат веројатно нема да го има:

„Не треба да има пробен мандат за судиите, зашто тоа не е според европските критериуми. Доброто и лошото работење се следат со контрола на нивното работење,“

вели Агим Мифтари, судија на Врховниот суд.

Во натамошната расправа, копјата најмногу ќе се кршат околу тоа кој ќе биде прв човек на државниот судски совет. Некој сметаат дека прв човек на оваа инстируција која ќе ги избира судиите треба да биде претседателот на Врховниот суд. За ова мислење експертите од областа на политичкиот систем велат дека е добро и констатираат дека со тоа власта ќе се подели на судска, извршна и законодавна. Според некои мислења, ако прв човек на судскиот совет е претседателот на Врховниот суд, тоа ќе значи акумулација на функции кај едно лице.

„Како едно од повеќе можни решенија да избира претседател, но кој не би бил претседател на Врховниот суд. Тука се можни две варијанти, тој воопшто да не е претседател на Судскиот совет, за да постои дисперзија на моќта за двата субјекти да се разграничуваат. Преседател на државен судски и претседател на Врховен суд, значи да соработуваат и органичуваат во овластувањата.“
XS
SM
MD
LG