Достапни линкови

Дали глобалното затоплување генерира посилни невремиња?


Ураганите Рита и Катрина, кои предизвикаа хаос во американското крајбрежие на Мексиканскиот залив го фокусираа вниманието врз теоријата дека глобалното затоплување можеби генерира посилни невремиња. Ураганите, како што јавува од Вашингтон Ендрју Тули, ја обновија дебатата и за истражувачките методи кои ги користат научните по климатологија.

Никој не може со сигурност да тврди дали глобалното затоплување е предзвикано од човекот или е природен циклус, ниту пак некој е сигурен оти феноменот е причина што бурите се посилни од порано. Но секоја од страните има докази за своите тези. На пример Керт Дејвис, извршен директор за истражување на американскиот огранок на Гринпис, вели има сигнали дека глобалното затоплување придонесува за зачестеноста на ураганите Атланскиот Океан и тајфуните во западниот дел на Тихиот Океан и индискиот Океан.

„Тие се во просек за 50 до 80 насто посилни во изминативе 30 години. Топлината е гориво за ураганите. Планета се затоплува без сомнение. Има многу студии кои покажуваат дека океаните за задржуваат топлината и како батерии ја чуваат енергијата која пак се ослободува преку ураганите.“

Дејвис додава дека доказ е зголемување длабочината на топлата вода на површината на океаните. Други пак велат дека не е зголемена силата туку зачестеноста на ураганите. Просек на Атлантскиот океан е на пример 11 урагани во сезоната, а Рита беше 17 – тиот. Дејвис од Гринпис наведува дека никој не може да предвиди колку урагани се формирале ниту пак колку ке се формираат. Тој вели дека е време да се признае фактот оти глобалното затоплување постоји како и тоа дека е придонес за деструктивните урагани. Меѓутоа Мајл Критон, физичар и пистал на новели од научната фантастика, меѓу кои и бест селерот Јура Парк, вели дека прашањето само посебе не е доказ. Тој во новелата ,,Држава на стравот,, вели дека со користењето на методот прашувачка наука може да се формира нешто како еколошки тоталитаризам. критон пред Комитетот на Сенатот за природна средина и јавни работи рече дека киламтската наука изгледа порелаксирана од медицинската каде што пронајдоците на еден тим мора да бидат проверени и вереификувани и од други истражувачи.

„Во климатската наука е дозволено нецелосни податоци да бидат обработени од различни луѓе. Има недостатоци, сомнитѕелни вредности се отстрануваат. Истражувачот може да корсити еден а да игнорира друг дел од податоците. Фактот дека податоците се модифицираат на толку многу начини го идигаат прашањето дали резулатите во студијата се целосни или делумни.“

Критон вели дека не сака да ги потцени климатолозите, туку да ги потикне да ја зголемат кредибилноста на нивните пронајдоци. Дебата за глобалното затоплување продолжува.
XS
SM
MD
LG