Достапни линкови

Драган Пашкаш началник на ГШ на Србија и Црна Гора. Пречка за вклучувањето на СЦГ во Јадранската група е нерешеното косовско прашање


Господине Паскаш кога може да се очекува Србија и Црна Гора да им се приклучи на земјите од Јадранската Повелба, вие учествувавте на неколку средби на трите земји?

Како што гледате ние со нашето присуство сакаме да дадеме подршка на иницијативата и програмите кои ги реализира оваа група . Што се однесува до нас ние сме расположени да се вклучиме во Јадранската Група, но за тоа не одлучуваме ние одлучуваат други. Со еден збор вољјата е присутна реформскиот курс е во согласност со предизвиците и реформите во регионот . Ние во моментов повеќе внимание обврнуваме на фактот да бидеме во тек со овој процес и како гости кога е во прашање регионалната безбедност со нашето присуство , излагање, учество и активна соработка да дадеме придонес во прилог на општата безбедносна ситуација во регионот и мирот, а нашето членството во Јадранската Група ќе дојде кога за тоа ќе се создадат услови.

Колку нерешениот статус на Косово влијае во процесот на интегрирање на вашата земја во НАТО?

Секако дека влијае, меѓутоа веројатно сте во тек дека во 2005 ќе се тргне во решавање на идниот статус на Косово. Но, јас како војник и началник на ГШ на војската, велам дека што се однесува на обврските на војската на Србија и Црна Гора во безбедносната зона , ние сме задоволни од состојбата. Ние го обезбедуваме елементарното односно функционирањето на сите животни потреби и функции и го обезбедуваме мирот, кој таму е најмногу потребен.

Во тој контекст г-дне Паскаш , како ја оценувате безбедносната ситуација на Косово?

Моментално е стабилна. Нашите единици за извршување на своите задачи не забележале никакви инциденти и екцесни ситуации, дури и имаме одлична соработка со преставниците на КФОР. Веројатно знаете јас неодамна престојував во Приштина на смената на командантот на КФОР генералот Кермабо и ние го цениме тоа. Со еден збор безбедносната ситуација на Косово ја оценуваме како сложена, непредвидлива и осетлива.
XS
SM
MD
LG