Достапни линкови

Барање за двојно покачување на платите


Четири илјади вработени во Клиничкиот центар од денеска штрајкуваат. Вака одлучИ синдикатот на клиниките, според кои лекарите треба да добиваат двојно поголеми плати. Граѓаните кои денес побараа помош на некоја од клиниките имале различни искуства. Некои од нив не биле примени, а други пак добиле лекарска помош.

„Има штрајк, се е откажано, нови пациенти не се примаат, тие што лежат таму – лежат.“
„Не примија, кажавме од Дебар сме, и не примија, немавме проблеми.“
„Бев на контрола и не ме примија.“


Граѓаните и со различни мислења за оправданоста на овој штрајк. Некои се согласуваат дека лекарите имаат право на повисоки плати, но има и такви кои не мислат така.

„Зошто земаат во парламентот повеќе пари, треба и докторите да земаат.“
„Имаат право, ама кога ќе дојеш треба да те примат.“
„Имаат доволно, за тоа што го работат и премногу. Вака во Европа нема да стасаме.“
„Не би требало да штрајкуваат заради пациентите.“


Од синдикатот на клиничкиот центар велат дека сите услови за штрајк се исполнети, И дека ќе протестираат се додека не се зголемат нивните месечни примања за 100 отсто.

„Не може една чистачка во Телеком да има колку еден професор на клиника. Тоа е апсурд. Се згрижуваат итните пациенти, а друг излез не знам како може да се дојде до некои барања кои траат со години,“

вели една лекарка на Клиничкиот центар

Деновиве министерот за здравство Владо Димов изјави дека зголемување на платите нама да има, потсетувајќИ ги лекарите поодговорно да се однесуваат кон трошењето на здравствените пари.

„Треба да го смениме односот кон нештата и да се однесуваме кон здравствениот буџет како кон нешто свое, а не туѓо.“

Во клиничкиот центар има 752 лекари. Најниската плата е 5 700 денари, а највисоката, на директорот е 36 000 денари.
XS
SM
MD
LG