Достапни линкови

Уставниот суд може и треба да го поништи законот


Откако Собранието по втор пат го усвои законот за пратеници, претседателот и покрај тоа што првиот пат не го потпиша указот за негово прогласување, сега е должен тоа да го направи по што законот ке стапи во сила. За законот негативно мислење даде и Владата, а како најпроблематично решение се покажа она кое им овозможува пензионирање на пратениците со 55 години старост за мажи и 53 за жени со 25 години работен стаж. Правниците велат има основа за иницијатива пред Уставниот суд за овој закон:

„Многу лесно може да се констатира дека постои драстична дискрапанца меѓу слободите и правата на пратениците од една, и слободите и правата на другите граѓани од друга страна. Уставниот суд, таа дискрапанца може да ја отстрани, ако законот го оценува од гледиштето на член 9 на Уставот. Таму е предвидена еднаквоста на граѓаните, нивните слободи права и тие да бидат еднакви пред законите од гледиштето на нивните слободи и права,“

изјави Светомир Шкариќ професор по Уставно право на Правниот факултет во Скопје, кој посочува дека Судот има и простор да избира

„Ако Уставниот суд се приклони кон членот 34 дека правото на социјално осигурување, ако се приклони кон тој член, тогаш може да го оцени законот како уставен, бидејќи со тој член 34 и со закон и колективен договор се регулира тоа прашање. Мое лично мислење е дека Уставниот суд е пред можност да избира, кон што ќе се приклучи, кон член 9 или кон членот 34. Мислам дека Уставниот суд треба да се приклони кон членот 9 и законот да го прогласи за противуставен.“

Експертите од областа на трудовото право укажуваат дека ваков вид на пензионирање може да добијат само одредени категориии на лица кои во текот на својата работа се изложени на опасности

„Пратениците, работното место на пратениците не е предвидено како работа што повлекува штетни последици за здравјето и животот на пратениците. Тоа треба претходно да се предивиди, па потоа да се разговара за бенефициран стаж,“

изјави професор Гзиме Старова од Правниот факултет во Скопје.
XS
SM
MD
LG