Господине Блиск кога може да се очекува земјите од Јадранската Група да станат членки на НАТО?
Сакам да појаснам дека јас не можам да дадам лична проценка, тоа треба да го направат 26-те членки на НАТО и затоа нив треба да им го поставите ова прашање. Јас би кажал, од моето искуство на работа со Министерството за одбрана на РМ, дека е направен голем прогрес во последниве неколку години, и верувам дека тоа ќе продолжи. Имаше некои дискусии, околу времето и ние чувме дека почетокот на 2008 е можен датум, но можеби тоа ќе се случи и подоцна, и тоа е можно. Но јас сум сигурен дека од НАТО ќе се одлучат во брзо време во полза на Македонија - односно оваа земја да добие позитивен одговор-покана за членство во НАТО.
Колку е НАТО задоволен од реформите во Македонија?
Ќе се задржам на три точки. Македонското министерство за одбрана направи многу добар план за работа за реформите кои треба да се направат до 2007 година и уште неколку други реформи кои ќе треба да се спроведат до 2013, но најголемиот дел ќе заврши до 2007-та. Значи, првата работа е дека планот е добар. Втората работа е дека тие гледаат многу внимателно на различните области и бројот на трупите и како се организирани. Подготвија детален план за трансформација, за да се види каде беа во 2004 и каде треба да бидат до 2007 година. Мислам дека АРМ ќе биде 60 % трансформирана до крајот на годинава. Сметам дека тоа е голем прогрес. А третата работа е што имам малку податоци за останатите две земји од Јадранската група-Хрватска и Албанија, но сакам да слушнам добри работи за нив кога ќе се зборува во Брисел.
Како ја оценувата безбедносната ситуација во регионов и може ли евентуалната независност на Косово да ја дестабилизира Македонија?
Никој не знае што ќе се случи со Косово така што е не благодарно да се коментира. Можам само да кажам дека состојбата во Македонија е многу мирна и стабилна и очекувам така да остане и во наредниот период.