Достапни линкови

Поинтензивна работа, а не претпоставени рокови


По информациите дека самит за проширување на НАТО ќе се одржи во 2008 година, а не како што беше најавувано наредната година, македонската јавност оценува дека никој ниту ветил, ниту тоа може да го стори во иднина.

„Ова е ситуација кога добиваме според јавното мислење, според политичарите негативни знаци од Брисел. Мислам дека подолг период не знаеме да читаме меѓу редови на тие дипломатски пораки, добронамерни кои ни се испраќаат подолго. Точно е дека добиваме охрабрувања, но факт е дека никогаш терминот не бил дефиниран, значи се работи за процес,“

изјави Билајна Ванковска од Институтот за безбедносни студии при Филозовскиот факултет во Скопје. И Курт Вокер заменик на помошникот државен секретар на Соединетите држави, вели дека ниту на Македонија, ниту на било која друга држава не и била ветена покана за членство

„2006 година не е нешто што Соедиетите држави или НАТО го посочиле како време за одлука за проширување на Алианјсата, не се согласувам со тоа дека станува збор за одлагање на процесот, само на тоа гледам како на негово продолжување, продолжување на она што се случи на самитот во Прага”

посочи Вокер. Аналитичарите во земјава укажуваат дека мора да се има во предвид дека и во меѓународните институции се случуваат трансформации:

„Ситуацијата е доста дијалектичка, затоа што во периодот до 2008 се менува Македонија по многу основи, да се надеваме на позитивно, но се менува и НАТО. Она што ме загрижува во нашава држава е тоа што никако да изградиме центар за стратешки анализи. Да не веруваме и да ги гледаме работите само низ призма на националните интереси. Се случуваат реформи на ОН, НАТО, ЕУ е во криза. Сето тоа се глобални прашања што може да ни се одразат и ние да станеме, еден вид колатерална штета на вкупните глобални промени,“

вели Ванковска. Затоа објаснува таа, во оваа ситуација, она што треба да се направи е да продолжиме да работиме на постигнување на стандардите.
XS
SM
MD
LG