Достапни линкови

Прв руски сателитски телевизиски канал на англиски јазик


Русија започна да тестира нов 24 часовен ТВ – сателитски Канал со намена да презентира позитивен имиџ на Русија во светот. Каналот ,, Русија денес,, ке емитува во Северна Америка, Европа и Азија. Има 300 вработени и 30 милиони долари буџет и како што јацвува Џереми Бренштајн, емитувањето е со чист британски акцент.

Рисија денеска е прв меѓународен телевизски канал на Москва на англиски јазик со британски водител. Изборот на вести ќе биде речиси целосно меѓународен, бидејки како што вели 25 годишната Маргарита Симонијан целта на Каналот е да биде странска ТВ – Програма.

„Ние ке правиме меѓународни вести и ќе се обидеме да го ставиме врз нив рускиот агол, да покажеме како импактв имаат меѓународните прашања врз Русија. Исто така ќе се обидеме да покажеме интересни работи од Русија, за тоа што се случува, документарци, интересни луѓе и места, нешто што би можело да биде ново за публиката.“

Таа вели тоа е еден вид Руски Би Би Си, со борд на гувернери и независни стандарди. Сепак некои се сомневаат дека Русија Денес или Раша тудеј ќе биде само уште еден гласноговорник на Москва. Откако Владимир Путин стана претседател во 2000 падна независноста на комерцијалните телевизии. Државната телевизија пак ретко покрива дури и настани што се помалку критички кон владата. Русија денеска е дело на поранешниот министер за информации Михаил Лесин и Путиновиот портпарол Алексеј Громов. Тие велат дека се заморени од гледањето како странските новинари оптоварено ја презентираат Русија во светот. Затоа ТВ Каналот Русија денес има намера да ја исправи сликата. Инаку велат, секогаш ќе изгледаме како мечка. Меѓународниот Канал и припаѓа на државната агенција РИА Новости, но почетниот капитал од 30 милиони долари го доби на заем од комерцијални банки. Во него работат и 72 ца странски новинари главно од мрежите Би Би Си, Си Ен Ен и Еј Би Си. Мајк Александар е британец кој работел 20 години во Велика Британија и Соединетите Држави. тој е уредник на вести и вели засега нема пртисок врз новинарите.

„Засега немам видено апсолутно ништо што би ме овозможило да функционирам како нормален новинар. “

Според планот телевизијата требаше да стартува овој месец, можеби за време на самитот на Обединетите Нации, односно ображањето на Владимир Путин пред Генералното Собрание. но поради пробите и технички причини стартот е одложен за крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG