Достапни линкови

Мора да се навикнеме на транспарентно работење


Мора да се навикнеме на транспарентно работење, бидејќи без контролни механизми не може да имаме ниту демократско опшртество, вели народниот правобранител Иџет Мемети коментирајки ги најавитѕе дека Европската Комисија од македонската влада ќе бара објаснување за посочените случаи од институцијата Народен Правобранител на малтретирање на граѓани до страна на полицијата.

„Мора да навикнеме на ваков транспарентен начин на работа и функционирање на законите по однос на заштитните и контролните механизми. Јас не познавам дека постои демократско општество без контролни механизми. Тој правец мора и ние како држава да го следиме.“

Од мисијата на ЕУ во Македонија не ги коментираат ваквите најави ниту пак сакаат да го коментираат извештајот на Мемети, кој сепак го побарале и биле заинтересирани да го видат.

Народниот Правобранител избегнувајќи диртектен одговор на прашањето вели дека неговата институција има добра соработка со странските мисии во земјава

„Посебно во овој дел би ја истакнал соработката што ја имаме со мисијата на ОБСЕ што е перманентна, и со Проксима исто така. Ние разменуваме информации.“

Ниту во ОБСЕ сакаат да коментираат, портпаролот Сали Браутон вели:

„Немам коментар за тоа, мислам дека ОБСЕ нема овластувања за тоа. Важно е најмногу во земјава да се почитува владеењето на правото во сите сегменти,“

изјави Браутон.

Народниот правобранител во неговиот полседен извештај посочи четири случаи на пречекорувања на овластувањата од страна на полицијата

„Од четирите постапки утврдивме повреда, за две побаравме покренување на дисциплинска постапка, а за две други побаравме покренување на кривична постапка.“

МВР во однос на ови случаи останува на ставот дека народниот правобранител со своите коментари сакал да даде политичка димензија за наводната несоработка со МВР. Според полицијата Мемети имал селективен пристап во своето работење, а функцијата сакал да ја искористи за да се парализира работата на МВР.
XS
SM
MD
LG