Достапни линкови

Нема правила за проширување на ЕУ и НАТО


Кога станува збор за проширување со нови земји членки на евроатлантските структури вообичаено покана добиваат повеке земји, но потоа членството зависи од повеке фактори и секоја земја се вреднува поединечно, велат претставниците на мегународната заедница во земјава. По информациите дека следен самит на Алијансата за проширување ке се одржИ најверојатно во 2008 година, а не како што се најавуваше во македонската јавност 2006, министерката за надворешни работи Илинка Митрева потенцираше дека постигнуавњата на секоја земја кандидат за членство во НАТО треба да бидат индивидуално вреднувани. На прашањето дали е можно некоја земја, па и Македонија поединечно да добие покана за членство

„Тоа е тешка работа за да се одговори, не знам, мислам дека дури ни НАТО не знае точно како ке се одвива процесот на пристапување. Се зависи од индивидуалните постигнувања на секоја земја. Во последното проширување беа поканети 9 земји, а се прифатија само шест, не и останатите, бидејки не беа подготвени. Во секој случај најдобро е Македонија да ја продолжи соработката со Хрватска и Албанија,“

изјави Крег Ратклиф од мисијата на НАТО во земјава.

Неодамна пак за телевизијата Канал 5, генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Схефер за тоа дали е можно Македонија да се одвои од групата и сама да добие покана за членство пред 2008 рече:

„Политиката на отворени врати на НАТО е процес кој се врши на индивидуален принцип, затоа повторно ќе кажам дека нема јата или стада на држави. Знам Јадранската тројка меѓусебе соработува, но во основа политиката на отворени врати е поврзана со индивидуалното постигнување на секоја земја.“

Во контекст на проширувањето на Европската унија, Андреа Анџели од канцеларијата на специјалниот претставник на Унијата во земјава, вели дека нема првило за тоа дали проширувањето ке се случи со една или со повеќе земји:

„Секоја земја може да биде примена сама или заедно со други земји, за случајот Македонија се знае само дека Комисијата треба да даде мислење за одговорите на европрашалникот, што ке биде понатаму засега не се знае.“

Од канцелариајата на Европската комисија во земјава, пак заеминик шефот на мисија Џоан Пирс вели - исти критериуми се применуваат за сите земји кандидати, но тие може да постигнат прогрес во различни фази, затоа се третираат поединечно. Ова значи дека земјите што во исто време ги започнуваат преговорите не значи нужно дека во исто време ќе се приклучат во унијата.

„На пример во октовмри 1999 Комисијата препорача започнување на преговори со шест земји од кои четири Словачка, Латвиа, Литванија и Малта се вклучија во Унијата во мај 2004, а две Бугарија и Романија нема да станат полнопрани членки пред 2007. До денеска има само еден случај на поединечен влез, тоа беше Грција. Многу е рано да се каже дали тоа би се случило со Македонија,“

посочува Пирс.
XS
SM
MD
LG