Достапни линкови

Денеска почнува судскиот процес против Вранишковски


Откако Врховниот суд му ја потврди казната затвор од 2, 5 години на расчинетиот владика Јован Вранишковски, за предизвикување расна и верска омраза, нетрпеливост и раздор, денеска започнува судскиот процес против Вранишковски, овојпат обвинет за проневера на околу 200,000 евра. Јован Вранишковски, поглавар православната охридска архиепископска црква која МПЦ ја смета за расколничка и не ја признава, е обвинет за финансиски злоупотреби како владика на МПЦ во Пелагониско-преспанската, Брегалничката и Повардарската епархија. Според Владиката Преспанско-пелагониски Петар, затварањето на Вранишковски е работа на судските инстанци:

„Затворањето на Вранишковски не е дело на македонската црква, тоа е работа на судовите. Тој направил кривично дело, за кое е нормално државните судови да пресудат така како што пресудиле,“

вели Владиката преспанско-пелагониски Петар, потсетувајќи на делата
за кои е обвинет Вранишковски.

„Првото дело е насилно влегување во храмот, каде што е направена и предизвикана физичка пресметка во храмот и пролевање на крв имаше во храмот. Исто така, има злоупотреби со материјални и финансиски средства на МПЦ во три епархии.“

Јован Вранишковски е веќе два месеца во затвор. Неговата жалба Врховниот суд делумно ја прифати и тоа само во делот на правото на вероисповед, констатирајќи дека тоа е право кое со Уставот не може да се ограничи. Според Врховниот суд, Вранишковски, како српски егзарх во Македонија ја застапувал нелегитимната охридска архи за единствена православна црква во земјата, негирајќи ја Македонската православна црква. Приврзаниците на Вранишковски информираат дека ќе бараат негово ослободување од судот во Стразбур. Тие додаваат дека сите случаи на говор на омраза од страна на МПЦ, дел од новинарите и политичарите и македонските власти врз Вранишковски и припадниците на Православната Охридска Архиепископија, ќе бидат процедуирани до сите релевантни меѓународни институции.
XS
SM
MD
LG