Достапни линкови

Вистинско барање или политичка игра?


Пратеничката група на ВМРО Народна, иако поднесува иницијатива за недоверба на владата свесна е дека таа нема да успее. Иницијативата досега ја потишале 24 пратеници а до одржувањето наСедницата која според деловникот треба да се одржи три дена по поднесувањето на иницијативата оченуваат подршка и од други пратеници.

„Економскиот, социјалниот, безбедносниот и целиот друг општествен живот во Македонија е во колапс. Вината за таа работа е во актуелната коалициона влада. Последната бројка беше 24 потписи. Денеска во текот на денот можеби уште некој ќе ни се приклчат и до завршувањето на работниот ден денеска ќе се поднесе интерпелацијата,“

вели координаторот на пратеничката група ВМРО Народна Чедомор Кралевски. Во односн на контрадикторните ставови на оваа партија, односно изјавата на претседателот во сенка на Народна Љубчо Георгиевски кој вели дека во нивен интерес е оваа влада да остане на власт до крај на мандатот и поднесувањето на интерпелацијата од страна на пратеничката група Кралевски вели:

„Интерпелацијата сама по себе значи поставување прашање за доверба на владата. Тоа значи треба да се постигне критична маса од пратениците за да падне владата, ако не се подтигне, тогаш интерпелацијата ќе ја постигне својата секундарна цел, да се зборува за неспособноста на владата.“

За Стојан Андов од Либералната Партија чии пратеници ќе ја подржат и ницијативата на ВМРО Народна ваквите изјави покажуваат дека се работи за политичка игра.

„Ние како опозиција немаме причина да одбиеме. Добро, некои велат дека тоа намерно го прават за да им обезбедат 90 дена мир итн, но знаете како е, тоа се политички игри. Нашиот став е дека владата лошо работи и добро би било да се изгласа недоверба, иако знаеме дека нема да и се изгласа недоверба,“

И Пратениците на ВМРО ДПМНЕ ке ја искористат собраниската дебата за да ги изкажат своите видувања за работата на оваа влада, која според нив треба што побргу да си замине од власт. Од владеачката СДСМ пак велат дека се целосно подготвени за собраниската седница на која ќе се расправа за доверба на Владата и се уверени дека ќе извојуваат победа над опозицијата. Според нив Владата по изгласувањето на довербата „ќе биде растоварена да работи на реформите на економијата и посебно, процесот на евроинтеграција на земјата".
XS
SM
MD
LG