Достапни линкови

Беспарица, невработеност и зголемена побарувачка за станови


Во време кога официјалните бројки не невработеност во земјава се движат близу 400 илјади, градежните фирми во земјава постојано работат. Нови стамбени згради никнуваат насекаде низ Скопје иако метар квадратен чини најмалку 600 евра. Сопственикот на една градежна фирма, вели дека најчесто становите се распордадени уште пред да се изгради објектот:

„Претходно се купува, од 500-550 евра, стигнуваат до 1000 – 1100 евра.“

Тој додава дека неговата фирма најмногу станови продала за време на воениот конфликт 2001 година:

„Плаќаа луѓето, до 1300 евра.“

И агенциите за недвижности потврдуваат дека имаат многу работа иако на потрошувачите им наплатуваат по два насто од цената на станот. Тие велат дека токму овој период има многу купувачи, но додаваат дека токму овој период граѓаните купуваат мали станови, што покажува дека не се толку богати како порано:

„Се продава секаде. Овој период е подинамично. Има повеќе движење. Ако земете атрактивни делови, се знае кои се. Водно, Дебар Маало, Тафталиџе. Новите згради се движат од 900 до 1050 евра. Најбарана квадратура е меѓу 30 и 50 квадрати.“

Иако, просечната плата во земјава е нешто повеќе од 12,000 денари, а едно четири члено семејство, троши повеќе од 10,000 за основни потреби, се поставува прашањето кој ги купува становите. Експертите овој феномен го објаснуваат како – сива економија.
XS
SM
MD
LG