Достапни линкови

Имаме потреба за помош и таа треба да се искористи


Придобивките од програмскиот заем за развојни политики што Македонија треба да го добие од Светската банка треба да се искористат, зошто нашата економија е нанезавидно ниво, и ние сеуште имаме потреба за помош од меѓународните финансиски институции, коментираат економските аналитичари. Според Марјан Николов од Центарот за економски анализи, државата има капацитет за исполнување на реформите на кои инсистира Светската Банка при доделување на овој аранжман.

,,Државата има потенцијал. Што помалку треба да има мешање на државата во економските текови.”

Објаснува Николов, според кој Македонија се уште не е подготвена да ги прифати сите предизвици на светскиот пазар и глобализацијата.

,,Не е битно колку финансиски средства ќе добиеме, туку поважна е пораката што ќе се прати до светските финансиски институции.”

Програмскиот заем за развојни политики е поддршка на тригодишната среднорочна политика и структурните реформи во судството, пазарниот труд и финансискиот сектор, кои треба да бидат насочени кон зајакнување на економскиот развој и создавање на нови работни места. Дека структурните реформи се неопходни се согласуваат и економските експерти.

,,Без структурни реформи тешко ќе постигнеме било што, но треба да се има предвид дека тоа е долг процес,”

вели професорот од Економскиот институт, Димитар Ефтимовски

И според Брус Кортни, шеф на мисијата на Светската Банка за Македонија, спроведувањето на реформите е долгорочен процесс.

,,Овие се навистина комплицирани реформи за кои е потребна детална анализа, но тие треба да продолжат. Засега преговорите се одвиваат без потешкотии, се работи за технички детали кои треба да ги договориме, а резултатите од овие реформи ќе се почувствуваат во следните три, пет или седум години.”

изјави Кортни, истакнувајќи дека сиромаштија во Македонија не бележи нагорен раст, и дека со исклучок на конфликтот од 2001год. статистиката покажува економски раст од 3%. Од министерството за финансии соопштуваат дека се работи за програмски тип на заем, чиј прв аранжман чини 30 милиони долари.Вториот и третиот аранжман од овој заем се очекува да бидат доделени во 2006, 2007 по исполнувањето на условите од тригодишната програма на Владата со Светската банка.
XS
SM
MD
LG