Достапни линкови

Меѓу земјите членки и натаму разлики


Генералниот секретар на ОН Кофи Анан го започна процесот на реформи пред две години, по американската инвазија врз Ирак и загриженоста во врска со нивната улога во глобалната безбедност. Но, Анан минатата недела изрази сомневање околу волјата на земјите членки да се усогласат околу потребните реформи:

„Самитот е одлична можност за светските лидери да ги утврдат реформите. Но, преговорите се забавени и постои опасност оваа можност да биде пропуштена.“

Планот за реформи предвидуваше развиените земји да работат на остварување на целите за намалување на сиромаштијата во светот. А, земјите во развој да го прифатат дефинирањето на тероризмот и почитувањето на човековите права. Но, американската делегација предводена од амбасадорот Џон Болтон, предложи измени во врска со легализирањето на хуманитарните интервенции и доставувањето помош. Концептот познат како одговорност да се заштити, значи да се наметне обврска за спречување на геноцид или етничко чистење. Некои држави, меѓу кои и Русија, Египет, Индија и Пакистан се против, бидејќи сметаат дека со тоа ќе се отвори можност за странски интервенции во суверени држави. Вашингтон преферира клучната улога во авторизирањето на акциите да ја има Советот за безбедност. Во меѓувреме нема согласност и за тоа колку држави треба да има во советот за безбедност.
XS
SM
MD
LG