Продолжувањето на трговските преференцијали на ЕУ за земјите од Западен Балкан за следниве пет години е делумно важно за Македонија, оти надвпрешната трговија со ЕУ кај нас е регулирана со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, коментираат економските експерти. Оваа одлука значи дека извозните производи од Западен Балкан ќе имаат речиси бесцарински пристап на европскиот пазар до 2010 година:
„Со тој договор, ЕУ ги намалува царините повеќе од Македонија. Односно ние само постепено ќе ги намалуваме царините,“
вели Борко Ханџиски од Светската Банка.
Од Европската Комисија соопштуваат дека досегашните резултати од преференцијалите покажуваат дека во периодот од 2000 до 2004 година, извозот на земјите од Западен Балкан во ЕУ остварил годишен пораст од осум насто. Бесцаринскиот пристап е важен, се согласуваат експертите, оти на тој начин производите од Западен Балкан ги прави поконккурентни во однос на производите со кои ЕУ нема преференцијален однос:
„Тоа во изминатите пет години има дадено позитивни ефекти. Извозот во ЕУ во 2000 година беше 42, а сега е зголемен на 62 насто.“
објаснува Ханџиски.