Достапни линкови

Македонија не е среќно место за живеење на душевно болните


Македонија не е среќно место за живеење на душевно болните, оценуваат психијатрите. Тие овде се чувствуваат осамено зашто срединатане ги прифаќа. А, од друга страна, граѓаните коментираат дека се чувствуваат небезнедно кога крај нив минува човек со психичко растројство. Доктор Михаил Левенски вели дека кон овие болести треба да се однесуваме како кон секоја друга болест:

„Ако треба да контролираме дишни органи или срце, полесно ќе одиме на контрола, но што се вели, ако контролираме памет, некако сите стекнуваме по друг однос кој не го почитуваме. Затоа е потрбно запознавање на средината и поотворен третман.“

Една жена од Скопје ни го раскажува нејзиното искуство:

„Јас одев со детето во градинка, а таа нервно настроена, кофата вода во мене и главата ми се отсече. Ден денеска бегам од неа. Државата не ме заштити ниту неа, ниту детето.“

Таа додава дека понекогаш се чувствува како државата повеќе да ги заштитува болните со објаснување дека нема право да ги казнува. Но, оваа жена не е единствената што мисли дека душевно болните треба постојано да бидат во болница, а во светот токму тоа се избегнува, објаснуваат докторите:

„Што помалку треба да се задржува прагот на лекување за да не настане одделување на пациентот од околината. Колку повеќе средината е запознаена со заболувањата, тогаш е поедноставно и не доаѓаме до драстични мерки,“

додава Левенски.
XS
SM
MD
LG