Достапни линкови

Одговорите на деветте дополнителни прашања денеска во Брисел


Одговорите на втората група дополнителни девет прашања денеска во Брисел.

,,До сега Македонија на три пати испраќаше одговори на прашањата на Европската комисија и беа запазувани сите рокови,”

вели Валентин Нешовски од владиниот секретаријат за европски паршања. И покрај запазувањето на роковите со предавањето на одговорите на европрашаланикот, нездоволство кај дел од опозицијата.

,,И во делот на непосредните спогодби и во делот на практицирањето на правната држава имаме отворени области кои може да направат овој процес да биде забавен, но сепак сметаме дека треба малку посериозен пристап од страна на владата. Не се работи само за евро интеграции и промена на регулативата. Многу поважно е практицирањето на регулативата. Мислиме дека со нашето постојано укажување на грешките што ги прави владата придонесуваме за евро интеграциите,”

изјави Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската ВМРО-Народна пак велат дека во Брисел не се оценува работата на оваа влада, туку воопшто состојбата во Македонија и затоа мора заеднички да се работи на постигнувањето на европските стандарди. Од оваа партија оценуваат дека грешките што се прават на патот кон Европската унија ке имаат влијание на приближувањето кон НАТО за каде Македонија наредната година очекува и покана за членство, но додаваат - факт е дека сме поблизу до Алијансата:

,,Крупните гафови секако ќе влијаат и во однос на НАТО. Но, во моментов нашето доближување до НАТО нема да го успорува процесот на интеграција во ЕУ. Нормално дека двете работи се зависни, но дали заради одредени стандарди со ЕУ имаме послаби перформанси или не, тоа нема да го успори курсот на забрзано зачленување во НАТО на Република Македонија,”

изјави Слободан Чашуле од ВМРО-Народна.
XS
SM
MD
LG