Достапни линкови

Одбележување во родното Скопје


На 5 септември 1997 година светот загуби една од најголемите хуманитарки во историјата. Почина скопјанката Гонџа Бојаџиу позната како Мајка Тереза. Нејзиното родно место е во Скопје, а посмртните останки во Калкута во Индија каде што го мина најголемиот дел од својот живот помагајки им насиромашните и болните. Денеска нејзиниот роден град ја чествува осум годишнината од нејзината смрт. Утринава асоцијацијата на граѓани Мајка Тереза положи цвеќе на споменикот пред Феудалната кула кај домот на АРМ:

,,За Скопје тоа е ден на неговата заштитничка. Идната светица Мајка Тереза,”

вели Стојан Тренчевски претседател на асоцијацијата и најавува идни активности во чест на хуманитарката мегу кои е и изградбата на нејзината родна куќа.

,,Сите подготовки се во тек за обнова на родната куќа на Мајка Тереза. Тоа ќе биде мало здание, но со огромна духовна моќ, сврталиште на сите почитувачи на ликот и делото и мисијата на блажената Мајка. Ние имаме голема привилегија. Ја имаме тапијата од родната куќа на Мајка Тереза и во најтесна комуникација и во најскоро време ќе се знае местото на темелите на родната куќа.”

Поранешниот амбасадор на Македонија во Ватикан професорот Димитар Мирчев пак смета дека ликот и делото на оваа голема хуманистка не треба да го чуваме само во спомениците за неа:

,,Пред се во развивање на духот што таа го испрати и пораките што ги испрати во светот, за толеранција, љубов, меѓучовечки односи и сл,”

вели Мирчев и додава дека за нејзината големина тој во неколку наврати додека бил амбасдор разговарал со Папата и со кардиналите.

Денеска во нејзина чест се оранизирани повеке активности мегу кои прикажување на филмот Мајка Тереза, беседа,уметничка изложба , молитевни пораки.
XS
SM
MD
LG