Достапни линкови

Економистите на Балканот стравуваат од инфлација и рецесија


Како последица на постојаниот раст на цената на нафтата и на Балканот растат стравувањата дека следи спирална инфлација, а во нејкои земји и рецесија. Економистите предупредуваат дека владите мора да реагираат. Во Хрватска се стравува од инфлација, во Србија од рецесија, во Босна поскапе лебот. Македонската влада се уште смета дека не е време да реагира.

Степенот на издржливост на македонските граѓани и на стопанството е под секое ниво, изјави економистиот Душан Вељковиќ и потребна е брза реакција поврзана со растот на цената на нафтата за да нема премногу негативно влијание врз животниот стандард на граѓаните.

„Во Босна и Херцеговина веќе поскапе лебот,“

вели Енес Готовуша директор на најголемата компанија за производство на леб.

„Горивото е многу голем процент во вкупните трошоци при работењето на компанијата. Тоа влијае врз транспортот и дистрибуцијата.“

Во Босна засега не се зборува како би можело да се реагира. Единствено претседателот на Синдикатите Едхем Бибер вели дека ударот може да се ублажи преку даноците. И во Хрватска се смета дека растот на цената на нафтата ќе се одрази пред се на животниот стандард, а владата по прв пат за 10 години би можела да се соочи со спиралата на инфлацијата. Според Жељко Ловринчевиќ од Економскиот Институт во Загреб, Хрватаска речиси целосно ја уништи индустријата и се сврти кон секторот на услугите, што во случајот на драстичниот раст на цената на нафтата е среќа во несреќа, но не и за граѓаните.

„Ми се чини дека најголемиот товар ќе падне врз граѓаните а не само стопанството.“

Имено, најмногу се стравува од цените на греењето, посеббно пред престојната зима. Ловиринчиќ, како и многу други, смета дека владата може да реагира само во намалување на данокот на додадената вредност. Најновиот бран поскапување и прогнозите дека трендот ќе продолжи и посебно ке се интезивира поради штетите што врз нафтената индустрија ги нанесе ураганот Катрина во Србија пак ги потикнаа стравувањата од рецесија на екопномијата. Проценките на експертите се дека доколку нафтата се покачио за десет посто инфлазијата ке се зголеми за еден процент. Еве што за цените на нафтата вели Александар Милеусниќ директор на Петробарт Авиа фирма која опфаќа повеќе приватни дистрибутери.

„Во секој случај цената на нафтата и натаму ќе расте до, според песимистичките прогнози, 100 долари за барел до крајот на годинава.“

Стопанствениците се загрижени бидејки растот на енергентите во Србија ги достигнува европските цени а продуктивноста е далеку зад европската.
XS
SM
MD
LG