Како, како скопски Јавен Обвинител го коментирате случајот Красниќи, со дискутабилното повлекување на потерницата против него?
Многу работи се кажаа во јавноста, пред се од претставници на различни политички партии, но вистината се следната, а таа е дека, не пости акт за амнестија за лицето Агим Красниќи, исто така факт е дека не е повлечено ниту едно обвинение или барање за спроведување истрага против ова лице.
Сметате дека ова решение е во согласност со Уставот?
Токму така. Уставниот судија може да одреди притвор, а исто така може и да ја укине таа мерка. Во оваа ситуација мерката притвор против лицето Красниќи беше воведена главно поради опасноста од бегство, но со фактот дека тој се појави во Судот таа главна причина за одредување на мерката притвор, веќе не постоеше. Можам да кажам дека истражниот судија пред неколку денови ми прати два од овие предмети во обвинителството на понатамошна одлука и ние сега веќе сме во ситуација да донесеме понатамошна одлука со која што ќе дојде до завршница на предметите против Красниќи.
За што тој, главно ќе се товари во обвинението?
Против лицето Агим Красниќи се водат четири или пет кривични постапки. Од тоа две се за тешки кражби, две за насилство према поединечни граѓани и една кривична постапка е за казнување за подготвување на тероризам. За тоа сигурно јавноста е запознаена преку оние ТВ снимки на кои тој во воена униформа со уште неколку негови следбеници се шета во близина на селото Кондово. За сите овие постапки сега ќе се одлучува и наскоро ќе имаме мериторни одлуки. Многу беше важно што обвинетиот дојде, се појави пред судот, даде своја одбрана за овие постапки и сега веќе може постапката да оди понатаму во следните фази.
Не мислите ли дека едно вакво решение го нарушува имиџот на правните институции. На пример претходно беше свикана седница на Советот за безбедност, јавноста со месеци беше под психолоши притисок за случајот Кондово, а потоа се случи една ваква разрешница, која го отвори прашањето во јавноста за тоа колку може да им се верува на институциите на државата?
Јас не би го поставил тоа така. Јас точно не знам какви заклучоци донел Советот за безбедност, но сигурен сум дека тие заклучоци не го исклучиле и ваквото решение, а тоа е добивање судска разрешница за кривичните постапки против ова лице. Тоа што и покрај огромната медиумска покриеност на овој случај, се донесе од страна на Судот и не се потклекна на таа пресија и на тој притисок, и се донесе едно помирољубиво решение кое сепак води кон разрешување на кривичните постапки, мислам дека е позитивно.
Обично овој случај се третира со влегување во „замката“ дека медиумите се тие кои го создале овој случај, но претходно бевме сведоци и на изјави на највисоките претставници на власта. Но сепак сакам нешто друго да Ве прашам, дали судството беше независно од политиката во решавањето на овој случај?
Со оглед на тоа дека од највисоки политички претставници беше зборувано дека лицето Агим Красниќи треба да биде уапсено, осудено итн... тоа значи дека Судот не ги послуша слепо политичките претставници, туку едноставно си избра свој пат на решавање на работите.
Отвора ли ова лавина на други такви случаи. Еве деновиве е актуелно барањето за амнестија на т.н. командант Бреза, па дури се оди и со случајот со расчинетитот владика Вранишковски. Дали ова е резултат на тоа што се покажа дека може и поинаку да се решаваат работите?
Па не би рекол дека треба да се мешаат сите овие случаи. Секој кривично правен случај е случај за себе, кој се цени различно во склоп на законот за кривична постапка и кривичниот законик. Во случајот со т.н. командант Бреза јас не би можел да кажам во овој момент какви се постапките, дали ако и тој се појави доброволно пред судот, би имало услови за да се повлече мерката притвор, меѓутоа секако не станува збор за амнестија затоа што обвинителството ниту може да даде амнестија, ниту пак предлага таков акт.
Претпоставувам дека и како правник и како обвинител имате свое мислење околу генералното владеење на правото во нашата земја. Последен пример е убиството во кафеаната „Брус“. Сметате ли дека тоа е пример, дека во Македонија се случува преземање на правдата во свои раце, наместо од страна на институциите?
Крвната освета не е непозната во Македонија, особено кај еден вид популација. За жал во последните неколку години таа е повеќе приустна. Секако дека таа не е начин на решавање на работите и тука крајно сериозно сите органи треба да преземат мерки да се спречи овој вид на криминал.
Во таа насока, дали е покренато обвинение против „непознат сторител“ за случајот „Брус“?
Обвинение против непознат сторител неможе да се покрене, туку може само да се покрене постапка за откривање на непознатиот сторител, односно кој е тој сторител кој што го сторил кривичното дело. Да, таква постапка е покрената и обвинителството, се разбира главната работа тука ја има МВР, значи заедно напорно работиме околу откривањето на сторителите на ова кривично дело.
Има ли некои првични сознанија?
Не би можел во овој момент да ви кажам ништо повеќе, се се тоа факти кои сеуште не се за објавување во јавноста.
Колку во Македонија, блиску стигнува правото до граѓаните?
Па тоа е веројатно е најтешко прашање во сите држави. Факт е дека ние имаме големи проблеми со владеење на правото, тоа е оценка и на сите меѓународни институции, па и Европската Унија една од главните забелешки што ги дава е дека Македонија треба да го засили владеењето на правото. Во Македонија сепак мислам дека има една долга традиција на владеење на правото, но по промената на општествено-политичкиот систем и уредувањето се случија многу турбулениции кои ги ослбнаа државните органи, судовите и исто така го ослабнаа на некој начин и моралот кај граѓаните. И во таа смисла се појавија многу проблеми во општеството и едноставно Судот или органите кои треба да го практикуваат правото, не се во состојба да го прифатат или решат, на еден начин кој што ќе биде задоволителен.
Сметате ли дека Уставните измени се во правец на реформирање на судството и како ги оценувате?
Оценка на сите беше дека начинот на избор на судиите и обвинителите преку Собранието е начин кој што овозможува мешање на политиката во судството. Затоа сегашните уставни измени одат кон тоа, посебни органи во чиј состав ќе бидат професионалци, односно судиите, односно обвинителите, да одлучуваат за избирањето на новите колеги и унапредувањето на своите колеги. Мислам дека тоа е добро решение, иако се знае дека идеално решение непостои. Ќе видиме како тоа ќе функционира во нашите прилики, затоа што сепак не треба да се зема готови модели од другите системи, затоа што незнаеме како некој добар систем кој функционира во некоја земја, како ќе функционира во нашата земја, во наши политички услови, во наш менталитет итн.