Во Македонија летото и есенвa се во знак на протести.Речиси секој ден има блокади на улиците или патиштата. Скопје и денеска е блокирано на неколку клучни места. Протестираат таксисте кои сметаат дека ова е начин да ги послушаат оние кои се надлежни за нивните проблеми.
„Првиот протест што го направивме имаше ефект во градско собрание со тоа што Трифун Костовски вети вработување на нови инспектори. Вчера беа презентирани решенијата за вработувања на тие осум инспектори значи Костовски го исполни ветувањето,“
објаснува претседателот на независниот синдикат на такси превозниците Драган Салтамарски и додава дека тие се одлучиле и денеска ограничувањата на вработувањата во такси превозот и бесплатно баждарење на таксиметрите да го бараат преку протести зошто според нив само така се создава притисок врз надлежниете. И Ацо Николовски од „Пролетер“ акционерски друштво кое го блокира градското собрание се сигласува дека протестите се едно од решенијата бидејки двете средби кои ги имале со градоначалникот според него немале ефект:
„Градоначалникот пробива да комуницира со нас преку медиумите, значи не го тангираат проблемите на градот, но ние ќе протестираме до решавање на проблемот.“
Надлежните пак односно портпаролката на градоначалникот Маја Мухиќ смета дека протестите не се никаво решение и дека тие се спремни за преговори со сите кои имаат проблеми
„Ние рековме и градоначалникот истакна дека протестите мора да запрат со оглед на тоа дека никому не чинат добро, најмалку на градот и неговите жители. Градот имаше волја да разговара и да биде медијатор за решение со Руле Турс.“
И од министерството за транспорт и врски кое беше под закана за протести од превозниците на здружените Исток сметаат дека седнувањето на преговарачка маса е најдоброто решение за секој проблем
„При минатомесечните блокади јас упатив на тоа дека блокадите не се решение на проблемот и дека треба да се седне на заедничка маса и да се решаваат проблемите, така и сторивме,“
вели Лидија Станчевска портапаролка на министерството.
Во меѓувреме неколку државни институции и министерста се под можна закана од протести од синдикатите и други групи на незадоволни граѓани.