Достапни линкови

Стотици жртви, пустош и стотици илјади луѓе без домови


Едно од најдеструктивните невремиња во американската историја, ураганот Катрина, по се изгледа уби стотици луѓе, остави стотици илјади без домови и предзвика штети кои се проценуваат на милијарди долари. Во тек се операции за спасување на илјадниците луѓе кои се уште се наоѓаат во подрачјата под вода.

Поголемиот дел од американското крајбрежје во Мексиканскиот Залив е под вода и урнати куќи. Осоебно во Луизијана и Мисисипи каде што спасувачките екипи со чамци и хеликоптери се обидуваат да стигнат до луѓето заробени од водата. Не постојат точни податоци за загинатите.

„Многумина ги загубија животите и се уште не знаеме колку, бидејќи се фокусираме врз оние што се се уште се живи.“

Изјави гувернерот на Луизијана Кетлин Бланко, додавајќи дека постои недостиг од вода за пиење и храна, посебно во Њу Орлеанс кој осумдесет насто е пид вода. Американскиот претседател Џорџ Буш го прекина одморот и деновиве се очекува да ги посети подрачјата зафатени со поплавите.

„Ова е тешко време за луѓето во овие заедници. Знаеме дека многумина се нестрпливи да се вратат во нивните домови. Тоа не е можно во овој момент. Приоритет ни е спасување на луѓето.“

Од друга страна, како и секоја друга тешка ситуација и оваа, освен најхуманото, го поттикна и она најлошото во човековата природа. Забележани се масовни грабежи на продавници.

„Загрижен сум поради ограбувањето. Ви велам, сега ќе бидеме немилосрдни. Ќе доведеме уште војници и ќе бидеме агресивни.“

Им порача на своите сограѓани гувернерот на Мисисипи Халеј Барбур. Инаку, проценките на штетите што ги предизвика ураганот Катрина достигаат до дваесет и шест милијарди долари. Со тоа овој ураган стана најуништувачкото невреме што некогаш ги погодиле Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG