Достапни линкови

Сунитите ќе работат на отрфлање на Уставот на референдумот во октомври


Процесот на пишување на првиот пост-садамов нацрт устав на земјата е готов, и презентиран во Националното Собрание од страна на шиитското мнозинство. Сунитските преговарачи, велат дека многу од нивните забелешки не се прифатени и сега ќе работат уставот да биде отфрлен на реферерендумот планиран за Октомври.

Хуман Хамуди преседавачот на комитетот кој го пишуваше нацрт уставот во неделата го презентираше текстот во Собранието на Ирак

„Овој устав, според мое и мислењето на многу членови на комисијата преставува напреден експеримент за регионот, прекрасен експеримент за ирачаните.“

Во Собранието не се гласаше, бидејки од него не се бара одобрување пред народниот референдум на 15 октомври. Сунитите останаа надвор од славањето на шиитите и курдите. Тие не се согласуваат со федералното уредување на земјата, со забраната на Баат партија и нејзините симболи – партија на бившиот ирачки лидер Садам Хусеин. Американскиот амбасадор во Ирак Зелмај Кализад вели дека сега на ирачаните е да решат дали нацрт уставот ги задоволува нивнитре потреби.

„Прашањето е дали тој доволно добар компромис. Тоа ќе биде оценка што треба да ја направат гласачите. Дали продуцира систем кој ќе функционира, дали воп него ќе има доволно проверки и баланс, кој ќе штити од злоупотреби на власта, од доминација на целиот систем од страна на една група.“

Американскиот претседател побара од ирачаните да гласаат на референдумот. Секако, несогласувања има, тоа е нивно право, изјави Џорџ Буш.

„Некои сунити изразија резервираност за различни делови од уставот и тоа е нивно право како слободни индивидуалци во слободно опшштество. Но таму има и силно верување меѓу други сунити кои сметаат дека уставото е добар за сите ирачани, дека тој преставува адекватен компромис за сите групи.“

Во документот се признава курдскиот регион и им се дава на ирачаните можноста за формирање федерални региони. Сунитите веруваат дека шшиитите би формирале можноста за федерален региони што ке довде до поделба на земјата. Меѓутоа, новиот парламент кој треба да биде избран до средината на декември ја има задачата да ги донесе принципите на федерализмот.
XS
SM
MD
LG