Достапни линкови

Преземање на надлежностите во областа на урбанизмот на локално ниво се одвива најтешко


Процесот на преземање на надлежностите во областа на урбанизмот, од страна на локалната самоуправа, најтешко се одвива, реагираат дел од градоначалниците во земјава. Барањата од оваа сфера, издавање документација, урбанистичко планирање како и издавањето на дозволи за градба, што е едно од почестите барања на граганите, се одвива бавно а во некои општини воопшто не е ниту почнат. Таков е примерот со скопската општина Аеродром, поради што вели градоначалникот на оваа општина Кирил Тодоровски. некои од инвеститорите кои сакале да градат веќе ги повлекуваат своите инвестиции, а мегу граѓаните револтот постојано расте:

„Нервоза, тензии, револт кај граѓаните, доаѓаат и протестираат кај мене. Јас им објаснувам каде е проблемот, но не знам колку се трпеливи, некои почнаа и без дозвола да градат. Само поради бирократски бариери се оневозможени да го остварат своето право на градење, а градежната сезона полека одминува,“

реагира Тодоровски.

Освен оваа, една од општините во која најмногу има интерес за градење од страна на инвеститорите е општината Центар. Во оваа општина екипата е комплетирана, но поради доцнењето во преземањето на надлежностите досега ниту една градежна дозвола или пак било какво барање од областа на урбанизмот не е завршено, потенцира градоначалникот на Центар Виолета Аларова. Таа се надева дека конечно ефекстивно ќе почне да се работи во текот на наредниот месец.

„Мислам дека чекориме брзо, но се можеше да се случи многу побрзо ако имаше повеќе соработка со централната власт. Граѓаните си го бараат своето, а сите општини не издале ниту една дозвола за градба, а тоа се одразува и на средствата во фондовите.“

Следствено на преземените надлежности во областа на урбанизмот, општините презедоа и дел од вработените кои досега беа вработени во Министерството за транспорт и врски. Градоначалникот на општина Струмица пак Зоран Заев, вели дека делумно процесот

„Имаме проблеми околу незавршени решенија во минатото коишто сега ние сакаме да ги завршиме, со тоа што граѓаните ќе видат дека децентрализирана надлежност во делот на транспорт и врски е подобро отколку кога тоа беше на централно ниво.“

Од Министерството за транспорт и врски велат дека поголемиот дел од општините ги имаат на располагање вработените и инвентарот, и можат да примаат нови барања, од оваа област,а предавањето на архивите со старите предмети е во оттаму потенцираат дека вината за закочувањето на процесот е токму во локалната власт.
XS
SM
MD
LG