Достапни линкови

Последици врз граѓаните ќе има, но не се очекува инфлација


Цената на нафтата достигнува рекордно ниво на светските берзи но и во Македонија. Граѓаните велат освен што поретко возат автомобили поскапување почуствувале и на другите производи

,,Еве конкретно ќе ви кажам се зголеми цената на фрижидерите, пред еден ден цената беше 17,600, другиот ден 18,600.”

Таксистите пак се директно поврзани со користење на нафтените деривати. Велат заработувачката им е преоловена

,,Ако пред 2 години давав 350 денари за нафта, а сега давам 550”
,,Со оваа цена не се исплати да се вози.”


Економистот Михаил Петковски објаснува дека порастот на цената на нафтата на светските берзи освен директно преку поскапувањата на цената на горивата најмногу ке ја почувстуваат производителите кои може да претпрат големи загуби

,,Не очекувам придвижување на инфлацијата нагоре. Нашата економија не е прегреана, каматните стапки се високи. Стапката ќе биде поголема од лани, кога беше во зоната на дефлација, но не очкувам ништо спектакуларно. Тоа ќе влијае пред се на производството.”

И од Акционерското друштво Топлификација кое сега се наога во мирување поради летната сезона очекуваат цената на нафтата да се одрази врз нив

,,Апсолутно ако остане цената на ова ниво ќе мора да се прави корекција во цената,”

вели финансиски директор Методи Стојчрв

Економистот Петковски пак додава дека очекува и незначително зголемување на цените на основните продукти кои грагани ги купуваат секојдневно. Според него владата може да интервенира но многу малку

,,Постои техничка можност владата да се откаже од дел од акцизите, но тоа ќе мора некој да го плати. Ќе треба или да се зголеми друг данок или да се намалат расходите.”

објаснува Петковски и потенцира дека што и да направиме сепак ке мора да го почувствуваме ударот.
XS
SM
MD
LG