Достапни линкови

Во Македонија не функционираат институциите на системот


Случајот со повлекувањето на потерницата против Агим Красники, кој се сметаше за главен предводник на настаните и нередите во скопското село Кондово, е само цврст доказ и уште една потврда дека во Македонија не функционираат институциите на системот, не се почитуваат правните механизми и се функционира по приниципот на политички договор, ова е реакцијата на домашните експерти И аналитичари кои го коментираат случајот Красники кој во јавноста се провелкува речиси од почетокот на годинава. Во оваа насока професорот по кривично право од Правниот факултет, Гордан Калајџиев потенцира:

,,Факт е дека останува впечаток дека се работи за политички договор кој очигледно не и личи на една правна држава.”

И аналитичарот Исо Руси, во истите причини, во поглед на нефункционирањето на правна држава, ги лоцира мотивите за повлекувањето на потерницата против Красники и неговите соработници од Кондово.

,,Случајот Красниќи е уште еден доказ дека ние имаме слаба држава, дека кај нас не владее правото, дури може да се каже и да се постави најпарадоксалното прашање – најдете ми случај во кој институциите функционираат?”

вели Руси кој додава дека ваквиот начин на работење станува вообичаена пракса мегу македонските институции во сите останати слуачаи за кој има некаков договор, па според него не станува збор за некаква етничка заднина:

,,Нас сега ни боде очи имајќи ги предвид меѓуетничките односи зошто тоа така функцинира, а луѓето во системот така функционираат затоа што така само знаат.”

Обидувајки се да ги објасни правните механизми кои би можеле да се применат во конкретниот настан со лицето Красники, професорот Калајџиев потенцира

,,Постапката судска мора формално да тече, доколку не се поведе постапка со која тие би се помуливале. Но, според нашите прописи обвинителството е обврзано со принципот на легалитет, што значи сторителите за кои постојат докази дека се сторители на кривични дела мора да се гонат.”

МВР и официјално потврди дека е повлечена потерницата против Агим Красники. Судската постпкка против него се води во Основниот суд 1, а полицијата го бараше за неколку кривични дела мегу кои поседување нелегално оружје, протиправно лишување од слобода и предизвикување општа опасност.
XS
SM
MD
LG