Искуствата на Косово одат во прилог на тоа дека одлуката за преговорите ќе биде донесена во Октомври, смета шефот на Унмик Сорен Јесен Петерсен изразувајќи загриженост што официјален Белград не им дава зелено светло на косовските срби за учество во политичките процеси. На прашањето како гледа на разговорите за статусот на Косово Пересен вели.
,,Што се однесува до меѓународната заедница, тоа ќе биде пратеник за статус именуван од генералниот секретар, а него ќе го подржат заменици од Соединетите Држави и Европската Унија. Пратеникот веројатно ќе биде европеец, а заменикот ќе го именува Русија. Партеникот ќе патува во Приштина, Белград, Брисел и Њујорк и во земјите на контакт групата. Тој ќе го дефинира рамковниот договор. Од Косовска страна, сите главни партии ќе бидат дел од разговорите за статусот и ќе настапат обединети, што настојуваме да го оствариме преку политичкиот форум.”
Шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен вели дека очекува целосна професионална оценка од специјалниот пратеник на генералниот секретар за примена на стандардите Каи Еиде, за кого вели дека е чесен и непристрасен професионалец. Петерсен напомнува дека ги знае проблемите, кој главно се однесуваат на состојбата на малцинствата. Недостатоците вели, се врзани за два фактора. Првиот е што Белград не ги охрабрува косовските срби да учествуваат во процесот и затоа е тешко да се направи напредок во подрачјето на малцинствата кога туие не учествуваат во тоа. Друг проблем е што целиот спектар на прашања за малцинставата, како децентрализацијата и враќањето на раселените лица, се гледа низ призмата на дебатата за статусот. Во врска со улогата на меѓународната заедница откако статусот ќе биде дефиниран Петерсен во интервјтото за Слободна Европа вели.
,,Пред се, тоа очигледно зависи од власта која ќе се воспостави по преговорите за статусот. Доколку Косово биде независно. Јас не ветувам, ниту ке ветам, но да дозволиме шпекулација дека Косово ќе стане независно, тогаш на тамошните власти е да повикаат меѓународно присуство и меѓународни институции. Врз основа на разговорите со домашните лидери, уверен сум дека тие би сакале присуство на меѓународната заедница, како на планот на безбедноста, така и на цивилен план и во други области.”
Сега додава Петерсен, се водат и разговори со потенцијални институции за да се види дали се тие подготвени доколку од нив биде побаран таков ангажман на Косово.