Достапни линкови

Бајрам Косуми, премиер на Косово. Независноста на Косово е процес што е во тек


Независноста на Косово е процес кој веќе е во тек, тврди меѓу другото косовскиот премиер Бајрам Косуми во интервјуто за Радио Слободна Европа и додава оти за независноста ќе преговараат косовскиот народ и меѓународната заедница.

Главна тема на Косово во моментот е децентрализацијата. Меѓународната заедница го прифати вашиот проект но не и Белград. Што конкретно нуди тој пројект?

Ние сме против некои настојувања на српските политичари во Белград и во Косово да се формираат етнички чисти општини на србите. Ова тендеција би го продолжил процесот на енкалвизацијан и дезинтегрирање на србите на Косово. Тоа што ние го направивме е токму спротивното од ова- направивме мултиетнички општини каде заедно би живееле србите и албанците. Во тие општини мјнозинство ќе го сочинуваат србите но ќе живеат и значаен број на албанци. На Косово можат да живеат заедно албанците и помалите етнички заедници, како што се србите, бошњаците, ромите и други.
Едно прашање кое може битно да влијае на конечниот статус на Косово е заштитата на малцинствата. Што до сега нпаравиле косовските институции на тој план?

На тоа поле косовските инстиутуции постигнаа големи резултати. Во некои области направивме многу повеќе од било која земја во регионов. Околу 15 посто од местата во парламентот се резервирани за малцинските етнички групи. Но за жал во пракса не е секогаш така као што предвидуваат законите, но во повеќето случаи тоа не е резултат на неподготвеноста на политичките лидери на Косово, туку одбивањето на српските политичари да учествуваат во процесите на Косово и нивната погрешна пракса , да дозволуваат на офицјален Белград да го диктира нивното однесување.
Долго време се зборува за можноста за средба на министерско ниво, и ваша средба со српскиот премиер Коштуница. Меѓуто до сега не се оствари ниту една. Зошто?

Секако дека е во интерес на Косово и Србија тие средби да се остварат пред почетокот на разговорите за конечниот статус на Косово. Меѓу Косово и СРбија има доста проблеми од повеќе областикои директно не влијаат на конечниот статус на Косово, и во кој двајцата премиери, како водачи на тие земји, треба да седнат и разговараат за да изнајдат решенија. Не можеме да ги затвараме очите пред тие проблеми. Што побрзо разговараме за нив , толку подобра за граѓаните на нашите земји. Независноста на Косово нема да биде предмет на разговори со Белград. Тоа е процес кој е во тек, и кој ќе биде финализиран помеѓу косовскиот народ и меѓународната заедница која многу инвестираше во Косово. Би заклучил со констатацијата дека на една меѓународна конференција, или нешто слично, би требало да се разговара околу тоа како ќе се формира косовската држава, а не за тоа дали таа ќе се формира.
XS
SM
MD
LG