Достапни линкови

Поканата за членство во НАТО на следниот Самит на Алијансата


Во овој период нема заладување или влошување на односите меѓу Македонија и Србија, но овој амбиент кој сега постои не би требало да се задржи подолго време, бидејќи тој има влијание врз граѓаните и врз носителите на државните функции, оваа оценка денеска во Охрид ја изнесе претседателот на државата Бранко Црвенковски:

,,Треба од двете страни да се направат напори, не само да не дојде до влошување на односите, туку и да ги унапредиме во наредниот период, затоа што тоа е интерес на двата народа, на граѓаните и во Македонија и во Србија,”

изјави Црвенковски во врска со актуелните македонско - српски односи.

Реформите во АРМ, според шефот ан државата се одвиваат според зацртаното темпо. Македонија поканата за членство во НАТО ќе ја добие на следниот самит на НАТО Алијансата на кој ќе се расправа за нејзино проширување. Како врховниот командант го коментира прашањето околу воведување двојазичност во АРМ:

,,Таквата идеја воопшто не е содржана во Охридскиот рамковен договор. Тоа не е случајно. Во 2001 година, кога се преговараше, токму тука, во Охрид, беа споменувани вакви и некои други идеи, но од сосема јасни принципиелни, прагматични причини тие беа отфрлени. Се работи за една структура во којашто проставеноста на хиерархијата, координацијата во командувањето, треба да биде јасна и двосмислена и никакви контраверзи во тој дел не треба да се внесуваат. Се работи за еден, по мое мислење, апсолутно неприфатлив предлог.”

Претседателот Бранко Црвенкосвки присуствуваше на централната свеченост по повод Денот на АРМ во Охрид.
XS
SM
MD
LG