На хартија, израелската окупација на Газа ќе заврши за три недели. Но, Изреал би можело да ја задржи под своја контрола со тоа што ќе ги запечати нејзините гранични премини и пристаништа. Ова е примарниот политички и економски предизвик со кој се соочува палистенскиот лидер Махмуд Абас. На вакво мислење е Шибли Телхами, палестински аналитичар на блискоисточните состојби. Според него, се ќе зависи од милитантниот Хамас кој не треба да му дава причина на Израел да ги затвора границите на Појасот Газа.
„Се додека Израел ја има контролата на премините кон надворешниот свет, се дотогаш всушност ќе трае и окупацијата. И сето тоа ја отежнува економската и политичкута слика за регионот.“
Вели Телхами. Поранешниот американски амбасадор во Израел Мартин Идјук смета дека ова е историска можност за Хамас да ја канализира својата активност во економијата во Газа.
„Поделба на власта со Хамас би довело до негово решение дека најважен е економскиот развој на Газа, а не тоа што Појасот може да се користи како база за натамошни терористички напади врз Израел.“
Според Индјук, добро е и тоа што Махмуд Абас решил да го пресели седиштето на палестинската власт од Рамала кој е на Западниот Брег, во Газа.
„Изненаден сум од степенот колку мирно од палестинска страна е проследен почетокот на израелското повлекување. Очекував повеќе насилство. Ова е добар знак.“
И Индјук и Телхами се согласуваат дека палестинската економија во многу ќе зависи од надворешната помош, посебно од Соединетите Држави. Телхами вели дека тоа ќе создаде нови предизвици за Абас.
„Она што е сторено е ослабување на овие влади, бидејќи тие ги корситат парите за да си купат лојалност. Мислам дека станува збор за лажен бизнис и за растурање на странската помош.“
Вели Телхами, според кој, сепак најбитно ќе биде да се зачува мирот во Појасот Газа без оглед на тоа како ќе се одвива израелското повлекување од таму.