Достапни линкови

Јужнокорејските научници успешно клонираа куче


Јужнокорејските научници успешно клонираа куче, за прв пат досега. Со тоа, најдобриот човеков пријател влезе во долгата листа на животни кои добија, така да кажеме, свој дупликат. Но, она што ова достигнување го прави многу значајно е што кучињата, за разлика од овците, козите, глувчињата, свињита, па дури и мачките, имаат сложена репродуктивна биологија. Тоа пак нивното клонирање го доведува до границата на невозможното. Сега кога и тоа е постигнато, дали следното за клонирање ќе биде човекот.

Научниците го викаат Снапи, нешто слично на Снупи, познатиот кучешки лик од цртаните филмови. Но, Снапи не е играчка, ами, како што е соопштено во Сеул, прво куче во светот кое е клонирано. Станува збор за куче од расата авганистански загар и е израснато од една единствена клетка земена од увото на тригодишен примерок од оваа кучешка раса. Таа клетка беше споена со клетка земена од женско куче. На оваа клетка научниците и го имаа отстрането генетскиот код познат како Де Ен Ка. Процесот е сличен како и на оние за клонирање на овцата позната под името Доли. Но, за разлика од неа и другите досега клонирани животни, кучињата претставуваа дополнителен предизвик за научниците. Женките овулираат само два пати во годината и тоа во периоди кои тешко се предвидуваат. И за разлика од другите цицачи, вклучувајќи ги и луѓето, женките на кучињата не се во состојба да произведат јајце со хормонски инекции. Шефот на јужнокорејскиот истражувачки тим Хванг Ву Сук вели дека поентата за клонирање кучиња е во тоа што подобро можат да се сфатат некои заболувања од кои стрдаат луѓето. Тоа не е некое фриволно достигнување кое има за цел само да им ги враќана луѓето нивните умрени домашни миленичиња.

„Нашата истражувачка цел е да произведеме клонирани кучиња за проучување на моделите на болестите, кај луѓето и кај животните.“

Имено, кучињата и луѓето заболуваат од многу исти болести. Тоа е резултат од вековното нивно селективно одгледување. Доктор Робин Лавел Бејџ од Институтот за медицински истражувања во Лондон објаснува:

„Добро е познато дека некои раси качиња имаат исти болести со луѓето како например артритисот или дијабитисот.“

Вели Бејџ. Но, освен за вакви медицински цели, многумина научниции сметаат дека клонирањето кучиња пошироко го отвора патот за клонирање луѓе.

„Работата со кучињата ја илустрира причината зошто вие не би требало да се обидете тоа да го сторите и со луѓето. За да стигнат до ваквото достигнување требаше илјадници јајца да бидат вметнати во стотина женски кучиња. Три од нив останаа бремени, од кои само еден пород сега е жив и го викаат Снапи. Ќе видиме колку ќе живее.“

Покрај ваквата обемна работа, противниците на клонирањето луѓе аргументираат и со другите аспекти. Главен од нив е тоа дали клонираното суштество го почнува животот кога е родено или порано, уште од раѓањето на она од каде е земена клетката за клонирање.
XS
SM
MD
LG